Со денешното исконско признавање од страна на Вселенската Патријаршија, МПЦ – Охридска архиепископија станува неискоренлив дел во евхаристиското општење со својата јерархија, клирот и народот, под пазувите на единството на Православието.
Воедно, со овој историски чин конечно се исправа долгата неправда врз МПЦ – ОА и македонскиот народ. Признавањето на каноничноста од страна на Мајката Црква, првопрестолната Вселенската Патријаршија става радосен крај на речиси седумдесетгодишната изолација на возобновената Охридска Архиепископија.
Топло и со радост сакам да се заблагодарам на истрајноста, вербата, надежта и молитвите на светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија на свештенството, монаштвото, и верниот народ, објави на ФБ вицепремиерот Бојан Маричиќ.
Пишува: Бојан Маричиќ (Фејсбук статус)

