Почетна Верски буквар Манастирски води Лебедот – поезија на монахињите од Слепченскиот манастир
Манастирски води Лебедот – поезија на монахињите од Слепченскиот манастир

Манастирски води Лебедот – поезија на монахињите од Слепченскиот манастир

92
0

Сестринството од Слепченскиот манастир ја објави втората книга „Манастирски води – Лебедот, сведоштва за духовниот живот преточена во поезија.

Рецензија за оваа книга напишаа академик Катица Ќулавкова и професорот Владимир Мартиновски.

-Поетската книга Лебедот е драгоцена и ретка книга, бидејќи смирено и неусилено  го менува нашиот мисловен и емотивен пулс. Книга што лебедовски кротко ни отвора нови духовни хоризонти. Една од најголемите уметнички предизвици на духовната поезија е како да се говори за духовните искуства, кои тешко се доловуваат со помош на речта: кога се говори премалку се ризикува да не се пренесе вистинското чувство, а кога се глаголи премногу – да се има чувство дека се сквернави и се поедноставува сакралното искуство. Затоа, не нѐ изненадува што во оваа прекрасна ризница духовна поезија настаната од перата на жителите на манастирот „Свети Атанасиј Велики“ во Журче ги среќаваме следниве стихови: Како да доловиш / а без да објасниш. Имено, надоврзувајќи се на бисерите на христијанската духовна поезија, монашката уметничка интуиција настојува (и успева) во поезијата да навестува и да доловува, без да се впушта во непотребни објаснувања, вели професорот Владимир Мартиновски.

-Втората книга Манастирски води/ Лебедот е показателна не само за самата себе, туку и за една особена поетика која се востановува(ше) последниве две децении во современата македонска поезија. Таа ’нова’ поетика е обележана од присуството на сакралниот Ерос, односно од копнежот по божественото. Тој копнеж станува начело на чувствување и набљудување на светот. Тој свет не е повеќе исклучиво ни предимно овоземен, туку отворен/чувствителен спрема надземниот. Надземниот свет е имагинарен но видлив за внатрешното око, тој е идеализиран, но и доживеан како исчекор од профаната стварност.

Значи, станува збор за една книга која го опева копнежот по божественото и се оградува од ефемерниот свет и нему својствениот, динамичен поглед на свет, пишува во рецензијата Академик Ќулавкова.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *