Почетна Вести Христијанство Манастирската мијачка гарда го пречека Архиепископот Стефан
Манастирската мијачка гарда го пречека Архиепископот Стефан

Манастирската мијачка гарда го пречека Архиепископот Стефан

855
0

Со присуство на манастирската мијачка гарда, Архиепископот г.г Стефан беше пречекан во црквата во Бутел, каде освен осветување на црквата беше отслужена и литургија за 20-годишнината од неговото востоличувањето на за петти Архиепископ на МПЦ-ОА,.

Мијачката гарда, со традиционални мијачки носии, присуствуваше со благослов на Игуменот на Бигорскиот Манастир, архимандрит Партениј.

Тој и преку јеромонахот Ефросиниј, на Поглаварот му подари прекрасна и скапоцена архиерејска панагија.

-Присуството на мијачката гарда, освен да му посака среќен и радосен јубилеј на Архиепископот, имаше и симболично значење: да испроси благослов за славниот мијачки крај, кој заедно со Бигорскиот Манастир дал многу значајни дејци за Македонија, особено за сенародната преродба, но да побара благослов исто така и за претстојната илјадагодишнина на Бигорски, која ќе се слави во следната 2020 година, велат од Бигорски.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *