Почетна Вера Мала Богородица во Ростуше
21
20
19
18
17
16
15
14
13
12
11
10
9
8
7
6
5
4
3
2
1

Мала Богородица во Ростуше

289
0

Архимандритот Партениј и монасите и монахињите од Бигорската Обител празникот „Рожедство на Пресвета Богородица“ го одбележаа со вечерна богослужба и утринска литургија во богородичниот храм во Ростуше.

-Денес Црквата нѐ повикува да го славиме новиот живот. Денес тајната на Божјата љубов за нас и за сета твар се открива во Рождеството Богородично. Денес се придружуваме кон хорот на Светиите, Ангелите и Архангелите, славејќи го чедото на Јоаким и Ана, преку кое се овоплотува и доаѓа при нас Спасението на светот. Да се радуваме затоа денес со силна вера и неискажлива радост, за раѓањето на оваа чиста рожба во која се собрала сета духовна убавина, добрина, хармонија и совршенство, сите вистински украси на возвишената човечка природа. Таа е наша непосрамена надеж; милостиво ги одвраќа од нас темните облаци на Божјиот праведен гнев, ни го отвора древниот Рај со своето моќно застапништво; ги крепи благоверните народи и држави, и ги запазува непоклатни во вековите. Ја спаси нашата земја илјадници пати, ја направи цврста, ја прослави, ја утврди и продолжува да ја чува, стоејќи како бедем исправен пред немирните бранови на безбожието кои се закануваат да нѐ потопат. И сѐ додека со надеж ги управуваме нашите очи кон нејзиниот благороден лик, молејќи ја да испроси милост за нас од Својот Син и Бог наш, знаеме дека злото нема да нѐ надвладее во веки, посочуваат од Бигорскиот манастир.

ГАЛЕРИЈА:

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *