Почетна Вести Мал чекор кон помирување на Антиохиската и Ерусалимската патријаршија
Мал чекор кон помирување на Антиохиската и Ерусалимската патријаршија

Мал чекор кон помирување на Антиохиската и Ерусалимската патријаршија

201
0

Прашањето за духовна надлежност врз Катар се уште останува главната причина за прекинот на црковното општење помеѓу Антиохиската и Ерусалимската патријаршија. Поглаварите на автокефалните цркви, на средбата во Шамбези, направиле мал исчекор, но се уште не издејствувале договор за помирување.

Грчкиот портал „Ромфеа“ пишува дека Ерусалимскиот патријарх бил подготвен да се најде компромис и случајот да се реши, за да се намалат тоновите и да се најде баланс и рамнотеже со Антиохиската патријаршија.

Делегацијата на Антиохиската патријаршија, која во отсуство на Патријархот Јован, ја претставува црквата во Шамбези, имала одредени услови.

Кипарскиот Архиепископ, Хризостом пак понудил  Алексндрискиот патријарх Теодор да биде посредник на среба меѓу поглаварите на Антиохиската и Ерусалмиската Црква на Кипар. Она што се оценува како позитивен момент е тоа што наводно на Антиохија не и пречело присуството на Митрополитот на Ерусалим во Катар, туку неговото титулирање како „Епископ на Катар“

Антиохиската Патријаршија во јуни минатата година целосно ги прекина односите со Ерусалмиската патријаршија откако таа назначи Епископ за Катар, место кое Антиохиската патријаршија го смета за своја јуриздикција.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *