Судот во Панама на максимална казна од 50 години затвор осуди седум членови на една секта, кои во ритуал убиле бремена жена и шест деца.
Претходно, уште двајца членови на сектата „Нова божја светлина“ беа осудени на по 47 години затвор, пренесува ABC News.
На 13 јануари 2020 година, тие поканиле голем број селани во нивната импровизирана црква, а според властите, ги удирале со палки и мачети, додека некои биле принудени да се соблечат и да одат по жар.

