Македонските црковни општини од Австралиско-сиднејската епархија, со која администрираше сега покојниот владика Тимотеј, испратиле писмо до Архиепскопот и до членовите на Синодот на МПЦ-ОА, во кое бараат назначување на нов администратор за оваа епархија.
Нивен предлог за нов администратор на Австралиско-сиднејската епархија е владиката Наум, кој е Митрополит струмички. Македонските црковни општини од оваа епархија во писмото образложуваат дека Владиката Тимотеј од назначувањето за администратор успеал да ја косолидира епархијата и да ја врати довербата на верниците во Австралија во МПЦ-ОА, по долгогодишните поделби. Сегал велат дека следува процес на дозавршување на иницијативи кои се уште се во тек, „меѓу кои и практично втемелување на нормите предвидени со Уставот/Статутот на Македонската православна епархија за Австралија (Сиднеј) – првата Македонска епархија регистрирана како правно лице надвор од Австралија. Тој процес значеше и макотрпни и трпеливи напори за кревање на моралот, враќање на довербата во МПЦ и надминување на анимозитетите меѓу верниците кои беа разочарани или огорчени од долгогодишниот деструктивен раскол, кој се случуваше во Австралија скоро две децении пред неговото назначување на администраторската функција.“.
Македонските верници во Австралија сметаат дека Владиката Наум може да биде од корис во тој процес.
-Сметаме дека за непречено да продолжи тој процес, потребно е под итно да се назначи нов Администратор за нашата Епархија, кој ќе има способност, трпение, мудрост, силна волја, време и фокус за да се справи со предизвикот. Најпогоден за таквиот предизвик во овој момент сметаме дека е Неговото Високопреосвештенство г. Наум, како владика со најголем комбиниран монашки и владички стаж, како и најголем владички стаж после Архиепископот. Владиката Наум низ годините се докажа со извонредна мисионерска дејност, вклучувајјќи го обновувањето на монашкиот живот во Република Македонија, воведувањето извонреден ред, хармонија и раст на парохиите во Струмичката Епархија, водење плодна и миротворна комуникација со сите владици во МПЦ и со верници од спротивставени политички определби, а што е најбитно од се, неуморно и убедливо проповедање на Христовата вера и Христовите учења. Покрај тоа, битно за нашиите потреби е што г. Наум добро го владее англискиот јазик, има правно образование и веќе има Викарен епископ кој ја менаџира неговата Струмичка Епархија, што значи дека има повеќе време да се посвети на Австралиската. Се надеваме дека г. Наум ќе го прифати нашиот предлог и дека Синодот што побргу ќе го поддржи, за да можеме што побргу заедно да ја засилиме нашата Македонска православна црква кон справување со предизвиците на нашето време. Очекуваме во догледно време и други Македонски православни општини од Австралија да го поддржат нашиот предлог, стои во писмото од Црковните општини во Австралиско- сиднејската епархија, испратено до синодот.
Писмото е поддржано и од Македонската православна заедница од Сиднеј, која управува со два од најголемите храмови во Австралија, кадетралата Св. Кирил и Методи во централната сиднејска населба Розбери и црквата Св Никола во населбата Кабрамата.
Тие сметаат дека најважно во моментов е назначување на нов администратор за епархијата со цел да се продолжи процесот, но и да се спречат шпекулации дека е можно повторно создавање на една епархија во Австралија во која влијание би имал Владиката Петар.
-Овие општини 16 години беа предводници на борбата против Петар и тешко дека допрва ќе дозволат Петар да се врати на мала врата, преку некој друг владика врз кој има влијание, вели од македонските црковни општини во оваа епархија.
Потсетуваат дека во Епархискиот устав кој е регистриран со владиката Тимотеј пишува дека на чело на Епархијата може да биде само владика кој ќе биде официјално прифатен од црквите што ја сочинуваат. Тоа е потпишано од Тимотеј, со Синодска согласност.


DOSTOJNO RESENIE SO DEDO NAUM🙏🙏🙏