Голем број Македонци од округот Корча присуствувале на Светата Божествена Литургија во црквата Воскресение Христово во Корча, прва одржана од новиот поглавар на албанската црква г. Јован.
Меѓу нив бил и свештеникот од Пустец Алексо Темелко и Васил Стерјовски, лидер на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).
Особено задоволство беше, заедно со отец Темелко и голем број Македонци, да присуствувам на литургијата во црквата Воскресение Христово во Корча, на првата литургија како архиепископ на неговото блаженство, Јован, избраниот архиепископ на Тирана, Драч и цела Албанија. Бакнувајќи му рака му посакав успех во неговата нова должност“, објави Стерјовски на Фејсбук.

