Почетна Коментар Македонското име и неправдата
Македонското име и неправдата

Македонското име и неправдата

854
5

Врз македонскиот народ, во последните сто години се врши планиран, континуиран и отворен геноцид. Соседските народи, кои по балканските војни ги запоседнаа и завладеаја македонските земји, брутално и организирано ја уништуваа автохтоната култура, фолклорот, јазичните и идентитетските особености и посебности на Македонецот. За жал, ноторен факт е дека сето ова се случуваше, и сѐ уште се случува, пред очите на целата светска и европска јавност. Европа, која себеси се смета за колепка на културата и на цивилизациските вредности, во име на некои нејзини повисоки интереси, лицемерно се повлекува пред силата на неправдата и молчешкум, како при подемот на нацизмот и деструктивноста, ги одобрува, но и ги поттикнува антицивилизациските и нехумани постапки на своите балкански сојузници.

Но, Господ Бог секогаш чекори со правдољубивите и вистинољубивите, неговата правда е вечна правда, а неговиот закон е чиста вистина. Светиот цар и пророк Давид вели: „Праведноста и правдата се основа на твојот престол, милоста и верноста одат пред твоето лице“. (Псалм 88, 14). Па така, се победи силата на нечестивите, се уништи намерата на несправедливите. Слабиот и дотолчен македонски народ, надевајќи се единствено на божјата правда, не потклекна пред горделивите и алчни моќници на овој свет. Се воздигна народот од пепелта на уништувањето и со сигурни чекори побрза, со благодарност, да го воздигне разрушеното, но и да создаде нови вредности што ќе ја втемелат неговата светла иднина.

Веднаш по создавањето на современата македонска држава, Македонецот мораше да им докажува на суетните непријатели дека постои. Македонскиот народ беше доведен во положба, досега невидена ниту забележана во историјата на човештвото. Има ли поголема апсурдност и безумие од тоа некому да му го докажуваш очигледното? Има ли поголема лудост од тоа да мораш да докажуваш дека си жив? Сопствениот идентитет и сопственото име не се здобиваат со декрет, директива или со некоја договорена декларација. Сознанието за себе, за своето постоење, односно за својот национален идентитет, е добиено тогаш кога сме се родиле, односно кога сме растеле во пазувите на нашите родители, но и тогаш кога во текот на живот сме ги учеле и осознавале неговите основни предизвици и несогледливи можности. Сето ова се случува спонтано, а не организирано. Според тоа, сознанието за себе, за сопствениот идентитет, не може да го урне ниту еден организиран систем, ниту едно ропство, ниту пак кој било геноцид и истребување.

Станувајќи делумно свесни за оваа апсурдна состојба, организаторите на преименувањето прибегнаа кон амбициозен цинизам, па преку уцени, закани и плиткоумни притисоци, и однатре и однадвор, испланираа и дрско предложија самоукинување на македонскиот народ. Државата Македонија, покрај тоа што политички е присилена да преговара за своето име, паралелно преговара и за сопствениот идентитет и за својот јазик, иако никој нема право, ниту мандат, во името на поединецот, односно во туѓо име, да преговара за овие нешта. Националниот идентитет и посебност не можат да бидат лична своина на кој било македонски политичар, а уште помалку некој однадвор може на дрзок начин, да му кажува на другиот кој е и што е.

Овој пеколен план, кој очигледно доведе до ќор-сокак и кој настојчиво и самоуверено се спроведуваше во сите овие децении од нашата независност, предизвика деструктивни појави од невидени размери, кои како апсурден проблем постепено проникнуваа во сите пори на македонското општество. Со проблемот за името и неговата апсурдност, не беа засегнати само државните претставници и раководители, туку и спортските репрезентации, бизнисмените, претставниците на Македонската православна црква и преостанатите верски заедници, новинарите, разните здруженија на граѓани, луѓето од културата. Во овој вител на апсурдноста беше обземен и обичниот, конкретниот поединец, кој требаше да трпи и да проголтува секакви напади и понижувања, кои во голема мера личат на холокаустот од Втората светска војна.

Се чини дека секоја политичка или општествена криза во овие дваесет години на независност на македонската држава, на еден или на друг начин, директно или индиректно, е поврзано со прашањето за името. Во овој контекст можеме да ја поврземе и економската нестабилност и континуираното ништење и осиромашување на обичните граѓани, разните внатрешни политички интриги и превирања, предизвикувањето контролирани воени судири, но и редефинирањето и редизајнирањето на основните постулати на државноста како што се Уставот или знамето, кое е древен национален симбол и обележје. Од овој вител на злото, се разбира дека не беше поштедена ниту црквата, и таа, како и сѐ друго во оваа држава, според опскурниот план на вообразените моќници, требаше однатре да биде дестабилизирана и размрдана.

Се пронајдоа, се поддржуваа и финансиски се издржуваа духовни ништожници и одродници, кои за помалку од триесет сребреници, а за добивање лажни и со ништо незаработени слава и углед, со своите лицемерни целиви во вид на отровни стрели се обидуваа да му се наметнат на македонскиот народ, а пред светот да се претстават како исповедници и маченици во името на „вистината“. Црквата е душата и совеста на македонското општество, па поганејќи ги душата и совеста, полесно се разболува телото. Му благодарам на Бога што ваквите лицемерство и безобразност не најдоа плодна почва меѓу напатениот македонски народ, кој лесно ги препозна овие духовни сиромаси со лице на светци, а во срцето волци.
Откако бескрупулозно беше удрено по најсветото и највозвишеното, на вообразената и суетна опскурност воопшто не ѝ беше проблем насилно да дејствува и по историјата, јазикот и националниот идентитет, надевајќи се дека со тоа ќе го зададе завршниот и конечен смртен удар на македонскиот организам. Најпрво, нивниот план се движеше кон теренската реализација на смисленото, па во тој контекст беа избирани и разместувани „подобните и благонадежните“ на сите стратегиски и клучни места во нашето општество, почнувајќи од богати невладини организации со сомнителни цел и етика, потоа „независни“ експерти и аналитичари, па сѐ до политичари што дури и победуваа на избори, станувајќи притоа власт во државата.

agatangel-slikaНевладините организации и независните експерти, кои впрочем се зависни од странски лобисти со специјални интереси, најпрво преку разни скапи кампањи, а потоа и преку насилство, требаше да го уплашат, прекршат и разнебитат народот и преку таквата операција да ја остварат зададената цел. Овие странски лобисти со специјални интереси, со текот на годините сфатија дека тие имаат проблем со народот, а не со политичарите. Па затоа, на секој план, го поттикнуваа оркестрираното дискредитирање и понижување на македонскиот народ. Секогаш кога Р. Македонија и македонското општество ќе се обидеа национално да се воздигнат и промовираат преку историско себеистражување и изградување, или преку разни спортски и меѓународни успеси, гореспоменативе, како договорени, едногласно се обидуваа во корен да ја урнат пројавената радост.

Пишува: Митрополит Повардарски Агатангел /НОВА МАКЕДОНИЈА
(Продолжува)

Коментар(5)

  1. Ovoj vladika e praviot makedonski Njegos. Sekoja rec mu e na mesto. Nema sto prav Njegos.Kamo sreca da se site makedonski vladiki mudri kako toj sto e. Edino me maci toa zosto vladikata Petar ne se ugleda na nego pa i toj taka da e umen ili pak Gorazd, na kogo mu nedostasuva takva mudrost kako sto ja ima Agatangel.Me potsetuva na srpskite vladici, koi isto taka kako i toj, velat deka pred gospoda e povazno da si prav Srbin , otkolku hristijanina, a ovoj pak isparavno veli, podobro e da si prav makedonec otkolku hristijanin pred Gospoda.

  2. Ова е катастрофа невидена, политикантство наместо вера, циркузантство наместо смирение, политикантство наместо љубов.
    Верските лидери пред се треба да се грижат за верата и неа да ја проповедаат. Но очигледно дедово не се снаоѓа баш добро во теологијата па решил да проповеда патриотизам. Како народ веќе сме заморени од вакви приказни за македонизмот како начин на живот, ни треба откровение на верата како начин на живот, а не теории за тоа како да ја сочуваме на нацијата.
    Ова јасно говори дека не си ја знаеме верата и не веруваме во Бога, туку надежта ја полагаме во луѓе.
    Во нашата татковина очигледно е дека и повеќето верски лидери само ги имаат узурпирано позициите и сега по секоја цена се трудат да не убедат дека тие се верените месии кои треба да ги следиме.
    Време е за луфтирање – нешто многу мириса.

  3. Malku preteruva ovoj preosveceni . Krstot i evangelieto , amvonot i oltarot gi zamenil so mikrofon i montirana bina za nekoj miting na nakoj si plostad ili stadion. Ama se vidi nesto ne mu odi bas kako treba. . Se frla so termini, podatoci, tezi i so site formi sto treba da gi sodrzi eden pocetnik na politickata pliralisticka scena. . Se vidi deka nesto odamna ne mu stima, inaku bi go povikale vo parlamentot da odrzi nekoj govor. No toj do sega nikako tamu da se pojavi. No ce mu treba podolgo vreme da uvidi deka sepak negovite govori se samo za na zadusnici, na grobista, ili pak samo v crkva za vreme na nekoj praznik

  4. Abe sto se cudite, pomaga covekot na politicarite, pa utre tie na nego ke mu pomognat. Ne za cudo da vidime i nekoj politicar da drzi govor v crkva za vreme na nekoj prazni. Do sega politicarite gi gledame v crkva samo za vreme na golemite praznici kako i za vreme ramazanskiot post, bajram kurban i mevluh so odzite. Naskoro mozi ke gi vidime kako predvodat liturgii, misi i klanjanje vo dzamiite , kako sto ovoj dedoto Agatangel drzi politicki govori, pa zosto politicarite da ne drzat liturgiii molitvi vo verskite objekti. Toa ne e loso si pomagaat edni nadrugi Ama dedovo treba da se oproba i vo nekoja dzmija do predvodi molitva , kako sto ovde predvodi politicki govor. . Demek za se go biva i za vo crkva , i za vo dzamija i za vo parlamentot Mozi naskoro ce go vidime kako i na papata mu drzi nekoe poucno slovo Bog neka mu e na pomos.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *