Почетна Вести Македонските владици задоволни од средбата со викарот на Патријархот Кирил
Македонските владици задоволни од средбата со викарот на Патријархот Кирил

Македонските владици задоволни од средбата со викарот на Патријархот Кирил

972
1

-Задоволни сме како помина нашата средба со рускиот епископ Тихон Шевкунов, а на темата за датумот на обновувањето на нашите преговори со СПЦ не е разговарано. Неговата посета и нема таков карактер. Ова е неофицијалниот став на Македонската православна црква, што го пренесува дневниот весник „Дневник, повикувајќи се на свои извори во МПЦ, за средбата на Рускиот епископ Тихон со претставници на Синодот на МПЦ-ОА.

tihon-i-ivanov-14Според информациите на „Дневник“ на средбата со викарниот епископ на рускиот Патријарх Кирил, присуствувале тројца Архиереи на МПЦ, Архиепископот г.г. Стефан, синодскиот портпарол Тимотеј и епископот хераклејски г. Kлимент. Средбата била во Охрид.

Познато е дека влијателниот руски епископ, кој е викарен (помошен) епископ на рускиот патријарх Kирил и кој неофицијално се смета и за исповедник на рускиот претседател Владимир Путин, веќе два дена е во посета на Македонија.

-Фактот дека ова е прва посета на некој влијателен руски достоинственик по речиси две години и која се случува по затоплувањето на односите меѓу МПЦ и СПЦ, ги подгреа калкулациите дека е можно да се договори и терминот за обновување на преговорите. Но, тоа за тоа очигледно е се уште рано. Анонимен македонски владика неодамна изјави за „Дневник“ дека е потребно да се направат сериозни подготовки за една таква средба, пишува дневниот весник „Дневник“

/ДНЕВНИК

Коментар(1)

  1. Eden visok pretstavnik na Ruskata crkva , Ilarion Alfeev, koga dojde od Bugarija nenajaven im rece da go pustat Vraniskovski od zatvor, , i tie toa vednas go storia, i toj si zamina za Rusija, a ovoj im ima receno poveke Vraniskovski da ne go sudski brkaat, tuku da mus eprdruzat, da se pomirat i da go prifatat za poglavar na Ohridskata arhiepiskopija , vsusnost za onakov kakao sto toj e momentalno. Ohridski arhiepiskop, A vokolku nekoj ne se slozuva so toa, da izvrsat medjuseben izbor za poglavat, no ne i za poglavar na Makedonska crkva. Makedonska crkva vo toj razgovor voopsto ne e spomenata. I gg. Stefan i Timotej krijat od vernicite sto bila tema na razgovorot. Rusite samo im gi prenesuvaat zelbite na SPC , a zelbata na SPC se znae koja e –da ne postoi MPC, tuku samo Ohridska arhiepiskopija na celo so Vraniskovski. Ako ne pristatnat na toj predlog i ponatamu ke si vazat za raskolnici pod cija inicijativa se progonuva kanonski priznaen arhiepiskop.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *