Почетна Репортажа Видео Македонскиот монах стана медиумска ѕвезда во Русија

Македонскиот монах стана медиумска ѕвезда во Русија

7.34K
0

Игуменот Методиј, по потекло од Македонија, кој денес раководи со „Спасо-Преображенскиот Валаамски Манастир“ на островот Валаам, стана медиумска атракција во Русија. Една руска телевизија сними репортажа за него во која се прикажува неговата гостопримливост во манастирот.

Во репортажата се забележани и биографски моменти за отец Методиј, како и тоа како останал во Манастирот.

(Видеото има и превод. изберете преки CC)

Отец Методиј станал лауреат на годината 2012 во Република Карелија, за зацврстување на меѓунационалниот и меѓурелигиозниот мир и согласност, духовното и морално воспитување и просветување на граѓаните, за сочувување на традициите и историско-културните наследства на Карелија.

Во „Спасо-Преображенскиот Валаамски манастир“ има двајца монаси од Македонија, отец Методиј и отец Наум.

Инаку отец Методиј е монахот кој пред извесно време му бакна рака на рускиот Претседател, Владимир Путин. Таа снимка ја обиколи светот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *