Почетна Коментар Македонски завет за автокефалност
Македонски завет за автокефалност

Македонски завет за автокефалност

377
1

Храброст и решителност на патот кон зачувување на македонската автокефалност, но и гордост и достоинственост за црковното наследство покажаа изминатиот месец Македонската православна црква – Охридска архиепископија и нејзините владици.

Одлуката да се бара признавање на македонската црковна посебност од вселенскиот патријарх беше чекор што за МПЦ-ОА значи од по вистинскиот пат. И масовната и гламурозна прослава на јубилејот на 1.000-годишнината од основањето на древната Охридска архиепископија беше признание на корените и на милениумскиот континуитет на црковниот живот во Македонија. Сето ова, дава една друга поинаква слика за МПЦ, како жива црква, која не отстапува од својата цел да го добие заслуженото место на национална македонска црква во православниот свет.

Но, речиси секогаш кога се создаваат можности за решавање на македонското црковно прашање, како по правило се активираат одредени структури што наметнуваат негирање на македонскиот идентитет, јазик и име, за да не се дојде до конечно решение.

Веста дека Македонската православна црква – Охридска архиепископија ќе го менува своето име, односно дека од името ќе ја избрише придавката „македонска“ одекна во јавноста како ураган. Одеднаш беа преплавени сите медиумски гласила, а на социјалните мрежи и верниците и атеистите и оние суеверните веднаш изразија загриженост за судбината на црквата и на државата од ваквата одлука.

Прво се омаловажија владиците на црквата, како отуѓувачи на нешто што не е лично нивно, а потоа се распнаа политичарите, и оние нашите, и оние на соседните држави. И пресудите паднаа… Отиде името на државата, отиде имeто на црквата, останавме без сѐ што нѐ идентификува како Македонци. Останавме без идентитет. Сиот тој спин траеше многу кратко, сѐ додека не стигна веста од Вселенската патријаршија дека ќе се заложи за нашето црковно прашање пред другите цркви во православниот свет за конечно да го решиме деценискиот проблем со добивање на автокефалниот томос за независна и рамноправна црква во православието. Нешто што легитимно ни следува како црква и држава со историја и со духовна почва.

Но оние што и барам малку имаат познавање од црковните околности, особено актуелниот контекст по иницијативата од вселенскиот патријарх за признавање автокефална црква во Украина, сосема им е јасна историската важност на одлуката на вселенскиот патријарх кон нашата црква. Ако Вселенската патријаршија ја признае за автокефална црквата во Македонија и под името Охридска архиепископија тоа ќе значи зацврстување на подлогата на самостојноста и посебноста на МПЦ, како црква на македонскиот народ.

МПЦ-ОА сега во ова време покажа решителност во својот став да ја заврши долгогодишната борба за признавање на својата автокефалност. Во таа борба МПЦ-ОА сака да ги докаже и историскиот континуитет и наследството на древната Охридска архиепископија. Вистината за реалноста на МПЦ-ОА е дека таа е темел на посебниот идентитет и со векови чувар на македонскиот идентитет, јазик и култура. Половина век од историската 1967 година МПЦ-ОА е црква со развиено монаштво, просветни институции, вредни фрески и икони, цркви и манастири, какви што немаат голем број православни цркви.

МПЦ-ОА е тврдина и столб на државата, таа е вистината за македонскиот народ и на сите оние што се чувствуваат како Македонци, во земјата и во светот.

Наспроти сите интриги и шпекулации околу наводната промена на придавката „македонска“ од името на црквата, македонските владици и народот цврсто стојат на ставот за зачувување на идентитетот и на името на МПЦ-ОА.

Она што е важно во целата оваа приказна е тоа што македонските верници и во најтешките мигови останувале заедно со МПЦ-ОА. Така е и сега. Тоа најмногу го покажаа на чествувањето на јубилејот на 1.000-годишнината од создавањето на Охридската архиепископија. Верниците беа тука, заедно со владиците, со црквата, а полните храмови и незимерната радост беа најголемиот доказ за заслуженото место на нашата црква во православниот свет. Со такво нешто не можеше да се пофали Бугарската црква, која во обидот да ја копира МПЦ преку паралелна прослава за ОА, доживеа фијаско на својата најромантичарска цел.

Пишува: Радмила Заревска – Нова Македонија

Коментар(1)

  1. Есть лишь один способ канонического решения македонского вопроса: возвращение в лоно Единой, Святой, Соборной и Апостольской Вселенской Православной Церкви. И это возможно только через покаяние в грехе раскола и воссоединение с материнской Церковью. Покайтесь, потерянные братья и сёстры!

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *