Почетна Вести Македонската младина алка за обединување на Македонците во Австралија
Македонската младина алка за обединување на Македонците во Австралија

Македонската младина алка за обединување на Македонците во Австралија

495
0

Македонската Православна Младина на Австралија (MOYA) одбележа 10 години од нејзиното основање. На јубилејната прослава биле присутни голем број православни верници од македонската заедница, како видни лица од заедницата и политичкиот живот на Австралија, но и претставници од другите помесни цркви.

Посебна чест на прославата преставувало присуството на игуменот Гаврил, кој има голема заслуга за развојот на MOYA.

gavril-moya-2Отец Гаврил сметадека MOYA е организација која треба да ги обединува младите во љубовта и дека таа е зародиш на обединувањето на Македонците во Австралија.

-Гордоста е лоша работа, но кога се работи за група на млади луѓе кои живеат и работат за и во слава Божја ќе се осмелам да кажам: “МOYA I’m proud of you!”. Прв пат после 10 години бев како гостин, а не како дел од организацијата. Децата се потрудија овој ден да биде единствен и незаборавен од повеќе аспекти. Салата беше полна. Имаше претставници од сите три генерации на возраст. Од најмалите (заради кои и постои оваа организација) па до највозрасните. Имаше претставници од сите Православни Цркви кои егзистираат на тлото на Мултиетничката Австралија. Имаше претставници и верници кои се црквуваат и во двете македонски православни епархии на МПЦ-ОА. Затоа овој настан може и да го окарактеризираме како историски и почеток на нова ера од постоењето на МПЦ во Австралија, која ќе биде носена од духот на љубовта, разбирањето, толеранцијата, простувањето и единството. Господ нека ја благослови оваа Организација и да им даде вечно постоење до краевите на векот!, напиша Игуменот Гаврил на својот фејсбук профил.

gavril-moya-3Претседателот на MOYA ­ Ананија Ананиевски, во името на членовите изразила голема благодарност кон отец Гаврил, бидејќи токму тој сиве овие години бил нивната главна мотивација, прво на духовно ниво, а после и со сите останати активности и проекти.

-Без него, ние би се соочиле со многу потешкотии, кои најверојатно не би можеле да ги преживеме самите. Како знак за длабока почит за сета негова љубов и поддршка, младите му подаруваа мошне уникатен и несекојдневен подарок ­ карикатура со нашите ликови и ликот на отец Гаврил, потенцира Ананиевски.

gavril-moya-5Инаку, и Митрополитот Тимотеј, администратор на Австралиск-­Сиднејската епархија, испратил писмена честитка до MOYA, во која го дава својот архипастирски благослов за организацијата да продолжи со своите активности во духот на православието и за корист на целата македонска заедница во Австралија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *