Македонската и Украинската црква воспоставија канонско единство – прво јавно сослужување во Струмица

Date:

Share post:

Струмичкиот митрополит Наум и неговиот викарен епископ Јаков денеска сослужувале со Митрополитот Лавовски и Галицки Филарет од Украинската Православна Црква – Московска Патријаршија.

Првото јавно сослужување на архијереи на МПЦ-ОА и на УПЦ-МП се случило денеска во манастирот на Свети Леонтиј и Покров на Пресвета Богородица во Водоча. Филарет, кој неколку дена е во посета на Македонија ја служел литургијата, а Наум и Јаков му сослужувале.

Веста ја објави, сајтот на Струмичкатѕа епархија, Тивериопол.мк. На литургијата учествувале свештеници и монаси од МПЦ-ОА, а според фотографиите се гледа високото ниво на чест што му е укажано на гостинот.

Митрополитот Филарет вчера беше на литургијата што архиепископот Стефан ја служеше во скопски Аеродром, но таму само молитвено присуствуваше, иако во олтарот на храмот се причести за време на литургијата.

Овој настан отвара нови хоризонти на односите меѓу МПЦ-ОА и УПЦ-МП и практично значи воспоставување на меѓусебно канонско единство. Дали оваа одлука на Стримичкиот митрополит за заедничко сослужување е негова лична, или е одлука на Синодот на МПЦ-ОА и дали е дел од некаква стратегија на Црквата, ќе покаже времето.

Овој настан треба да се анализира низ неколку аспекти, особено низ релациите на МПЦ-ОА со Вселенската патријаршија и украинското црковно прашање.

Треба да се напомене и дека Филарет, иако е митрополит на УПЦ-МП, сепак тој е еден од оние владици на оваа црква кој јавно застапува ставови против руската инвзија врз Украина и улогата на Руската црква во војната. На 31 октомври 2024 година, меѓу другите епископи на УПЦ-МП, тој ја потпиша изјавата со која се осудува анексијата на Донецката епархија од страна на Руската православна црква и отстранувањето на нејзиниот архијереј, митрополитот Иларион, и неговата замена со Русин.

Критички ја апострофира улогата на црковна Москва, сметајќи дека многу свештеници и мирјани веќе не сакаат зависност од Русија и од патријархот Кирил. Филарет е иницијатор за прекинувањето на спомнувањето во молитвите на патријархот Московски Кирил во неговата епархија уште пред Архиереиот собор на УПЦ‑МП во мај 2022 година со кој оваа црква самопрогласи автокефалност. Иако неговата црква е во отворен конфликт со Православната црква на Украина, која доби автокефалност од Фанар, сепак Филарет неколку пати јавно се залага за отвореност и за „равноправен и мирен дијалог“ со ПЦУ и УГКЦ,  сметајќи дека е можно обединување на сите православни цркви во една.

ГАЛАЕРИЈА: (ТИВЕРИОПОЛ.МК)

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Израз на солидарност од православен митрополит по сообраќајна несреќа во Стокхолм

Автобус на јавниот превоз во Стокхолм, Шведска, излетал од својата траекторија и удрил во автобуска постојка, при што...

Британски пастор предупреден од полицијата дека библиска порака на неговиот кaмпер (возило) може да се смета за „говор на омраза“

Во Ланкашир, на северозападот од Англија, полициски службеник предупредил 59-годишен христијански пастор дека библиски стих поставен на задниот...

Грчкиот министер за надворешни работи: „Потребна е итна заштита на христијанските заедници на Блискиот Исток“

Грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас ја истакнал неопходноста од итна заштита на христијанските заедници во поширокиот регион...

Папата Лав XIV: „Киното е повеќе од екран – тоа ја влева надежта“

Папата упатил силна порака до актерите, режисерите и сценаристите од светската филмска индустрија и ги повикал да бидат...