Почетна Вера МПЦ-ОА Македонија утре центар во регионот на прославата за Бадник – над 10.000 деца дел од Бадниковите поворки

Македонија утре центар во регионот на прославата за Бадник – над 10.000 деца дел од Бадниковите поворки

117
0

Со песната „Вечниот Бог“, најмладите ќе го најават Христовото раѓање.. Утре во повеќе градови низ државата ќе се одржат Бадникови поворки.. Се предвидува да учествуваат над 10 илјади деца.. Манифестацијата во Скопје ќе почне пред црквата Св. Димитрија со Божиќен концерт на неколкумина пејачи и театарска претстава.. Точно напладне ќе се формира Бадниковата поворка..

Учесниците во Божиќните поворки носат и ѕвезди што ја симобилизираат звездата која ги водела тројцата мудреци до местото каде бил роден Исус.. Пештерата пак го претставува Рождеството христово..

Во 34 градови низ државата утре ќе се одржат Божиќни поворки.. Оваа традиција се возобнови пред 7 години, првин во Битола и Охрид по што секоја година се зголемува бројот на општини во кои децата го најавуваат раѓањето Христово..

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *