Почетна Вера Македонија никогаш нема да го заборави Свети Климент
23
22
21
20
19
18
17
16
15
14
13
12
11
10
9
8
7
6
5
4
3
2
1

Македонија никогаш нема да го заборави Свети Климент

285
0

Архиепископот г.г. Стефан и митрополитите Дебарско-кичевски г. Тимотеј и Европски г. Пимен служеа Света литургија за Свети Климент Охридски во Охрид, во рамки на одбележувањето на 1100 годишнината од неговото упокојување.

Заедно со епископите на МПЦ сослужувале и Архимандритите Нектариј и Партениј, како и свештеници од Дебарско-кичевската епархија.

-Избран од Бога Господа, светиот Климент Охридски, беше поставен како камен, кој ги урива бесовските напади, ги одвраќа прелестите, ги запира лагите на многубошците. Верниот учител и просветител на македонскиот народ, ги приведе своите чеда во вистинската вера, будејќи ги заспаните во мракот на незнаењето и осветлувајќи ги со незаодната Светлина. Токму затоа, нашиот народ никогаш нема да го заборави светиот Климент. И ние недостојните слуги, не го заборавивме делото на твоите раце, и верно дојдовме на твојот гроб, да се допреме до твоите мошти, од кои еве веќе 1100 години се излива благодатта на исцелението, велат од Дебарско-кичевската епархија.

Архиепископот Стефан кој чиноначалствувал со Литургијата ја потенцирал благодарност кон свети Климента за сите негови дела и застапништва пред Бога, истакнувајќи ја универзалноста на свети Климента, за кого рече дека тој не е од никого, но и од секого.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *