Почетна Вести Христијанство Македонија ги чествува светите Кирил и Методиј

Македонија ги чествува светите Кирил и Методиј

206
0

Браќата Кирил и Методиј се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Родени се во Солун и биле вброени меѓу најучените во целата византиска империја. На свеченоста која ја организираше Владата за одбележување на денот на словенските просветители, премиерот Заев изјави дека нивната мисија е еден од првите примери на поврзување на различни култури со истовремено почитување на разликите.

– Овој чин само потврди дека мисијата на Светите браќа Кирил и Методиј е еден од првите примери на повзрување на различни култури со истовремено почитување на разликите. Тоа е вредност на која ние и денеска се повикуваме. Оваа вредност еве и после повеќе од 1.150 години не учи и не инспирира. Во тој дух ние денеска можеме да кажеме дека почитувањето на делото на Светите браќа заедно со сите останати словенски и други народи кои чувствуваат ист долг кон нивната мисија и наследство, ја слават нивната цивилизаторска мисија со достоинство и чест, е обединувачки фактор толку значаен за нашата современост и иднина, изјави Зоран Заев, премиер

Професори од катедрата за македонски јазик велат дека нивното дело треба да продолжи да им биде инспирација за да продолжат да зодаваат убави дела во општеството.

-Сето ова ги надминува границите на верата и навлегува во областа на просветата на народот и неговата заедничка здружувачка култура. Ова укажува и на уште една мошне важна поука. Ако еднаш во минатото овој регион живеел без граници, тоа може да го прави и во иднината, изјави Људмил Спасов, професор од Катедра за македонски јазик и јужнословенски јазици

– И време е во оваа свечена вечер и на небото да му јавиме, дека всушност, целата современа македонска поезија, и воопшто нашата литература, е не само исконска инспирација за поетите почнувајќи од Св Климент Охридски, туку е исполнет завет кон делото на прародителите на словото нивно. И речиси нема поет што не им се поклонил на великаните преку стих, преку стихотворна почит, изјави  Кристина Николовска, професорка на Катедра за македонски јазик и поетеса.

И политичарите со честитки за денот на словенските просветители.

-Честитајќи го големиот празник би сакал да потсетам дека делата и поуките што ни ги оставија светите браќа нè обврзуваат да се стремиме кон еднаквост и рамноправност, и да градиме општество со еднакви можности за сите без разлика на род, вера, етникум или која било друга припадност. Општество во кое образованието и културата се од суштинско значење и право на секој наш граѓанин, стои во честитката на преттседателот Пендаровсдки

На овој ден се потсетуваме на големите на се сесловенските просветители кои на идните генерации им го подарија најголемото богатство, писменоста. Светите браќа овозможија рамноправност на милиони луѓе, а со тоа го трасираа и патот за ширење на христијанството и христијанските вредности. Ликот и делот на Свети Кирил и Методиј е и дел од македонскиот идентитет, јазик, историја и култура, пишува Христијан Мицковски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Поради нивните заслуги за христијанството Светета црква ги прогласила браќата Кирил и Методиј за рамни на апостолите.

/SITEL 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *