Почетна Вера Македонците во Италија добија крстилница

Македонците во Италија добија крстилница

1.09K
0

Црквата „Св. Архангел Михаил“ во Неиве, била претесна да ги собере сите верници од македонската дијаспора во Италија, кои на 24 јануари 2016 година дојдоа на осветување на параклисот крстилница, посветен на „св. Јован Крситиетл“.

-Се радувам на успехот дека духовно се повеќе растеме, бидејќи тоа е заеднички успех, изјавил, за „Македонската телевизија“, надележниот Митрополит за европската епархија, Пимен.

Македонската дијаспора во Италија вели дека осветувањео на крстилницата е исклучително значаен настан за нив. Црквата, велат, е наша матица и ако не е таа нема да можеме да се видиме. Сега Македонците во Неиве во Италија ќе можат да вршат и крштевки на нивните деца во својата, Македонска православна црква.

Погледнете ја фотогалеријата од настанот. ФОТО: МПЦ- Европска епархија

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *