Почетна Вести Македонците во Австралија дадоа голем влог во афирмацијата на црквата
Македонците во Австралија дадоа голем влог во афирмацијата на црквата

Македонците во Австралија дадоа голем влог во афирмацијата на црквата

234
0

Mитрополитот, дебарско-кичевски и администратор австралиско-сиднејски, г. Тимотеј испратил послание до црковните општини во Австралија,за прославата на големиот Јубилеј 50 години автокефалност на МПЦ-ОА.

Во продолжение целосното обраќање.

Пред педесет години, Третиот црковно-народен собор одржан во Охрид донесе историска одлука. Поточно, донесе заклучок Светиот архиерејски синод да го возобнови автокефалниот статус на Охридската архиепископија, во лицето на Македонската православна црква. Во овој временски период, нашата света црква се развиваше на сите полиња. Се возобновија многу цркви и манастири, се отвори Богословско средно училиште и Богословски факултет. Се изградија нови епархиски центри. Се умножи свештенството и монаштвото. Се отворија нови епархии во дијаспората. Се собраа браќа Македонци од сите краеви на разделената Македонија. Се создадоа кадри со високо богословско образование и со владеење на повеќе странски јазици. Истите се здобија со научни титули доктори и магистри, а сето тоа за афирмација на словото Божјо среде нашиот народ, но, исто така, и да се покажеме како црква и народ и пред останатите православни цркви, како и пред другите христијански деноминации и пред инославните народи.

Овој повод ни дава поттик да искажеме благодарност на сите членови, како на Светиот архиерејски синод, така и на соборјаните, коишто учествувале на овој историски значаен чин. Нас, пак, како современи чинители во животот на Црквата, нивното дело не обврзува да продолжиме да се бориме за афирмација и признавање  на  нашиот автокефален статус помеѓу останатиот православен свет.

Македонскиот православен човек, кој од разни причини се најде на Австралискиот континент, даде голем влог во афирмација на нашата црква, на нашата историја, како и за зачувување на нашиот народ во демократска Австралија.

Се молиме на Семилостивиот Господ Исус Христос, а и на нашиот патрон свети Климент Охридскиот Чудотворец, да ни дадат сила и умеење да можеме сите недоразбирања да ги надминуваме во братска љубов, а се за доброто на нашата вера и црква и за спасение на нашите души.

Ве поздравувам сите и нека е честит Јубилејот. За многу години!

Г. тимотеј

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *