Почетна Вести Македонците во Австралија бараат расчинување на Владиката Петар
Македонците во Австралија бараат расчинување на Владиката Петар

Македонците во Австралија бараат расчинување на Владиката Петар

1.82K
4

Здружението на македонски заедници во Австралија застана во одбрана на Игуменот Гаврил, кој вчера беше расчинет од епарсхискиот-црковен суд на Владиката Петар. Претседателот на Здружението, Игор Аврамовски Александров бара Синодот на МПЦ да покрене одговорност за расчинување на Владиката Петар.

-Овој недостоен владика и екстремно злобен, нечесен, измамнички мегаломан, Јован Каревски, наречен владика Петар, кој во времето на Архиепископот Гаврил е расчинет, за со уценувачки и заканувачки протести во Битола, предводени од Зоран Вранишковски како негов најверен гласноговорник, сепак да продолжи да дејствува како владика, ја срами поткопува МПЦ веќе четири децении. Од Битола до Западна Европа до Австралија до Нов Зеланд го следат само скандали околу приграбување и злоупотреба на пари и имоти, измамнички дела, непристојни испади …, против кои бунтуваат чесни верници и свештеници, па тој им одговара со уцени, закани, анатеми, клетви, отровни клевети, неканонски и измамнички екскомуникации на илјадници верници и расчинувања на десетици свештеници, како и насилства спроведени од страна на уличарско-криминалните ‘војници’ со кои тој вообичаено се заобиколува. Повеќе од половина владиците и архиепископите на МПЦ досега ги прогласил за неканонски и невалидни, како што и за самата МПЦ тврдеше дека е неканонски осамостоена и дека мора да влезе под СПЦ за да стане канонска, вели Игор Аврамовски Александров.

Mitropolit petar slika 2-Негово дело беше и завладичувањето на неговиот долгогодишен Епархиски Библиотекар Зоран Вранишковски (Јован), со кој подоцна се скараа само затоа што Петар не се придржа на антимакедонската Нишка Спогодба со Српската црква, која заедно ја кроеја со години, па така и Вранишковски заклучи дека Каревски е неподносливо нечесен среброљубец. Меѓу другото, кај и да добие владичка јуриздикција се случуваат и запалени и опљачкани храмови, за што тој тврди дека е Божја казна, освен кога неодамна се случи пожар во храм кој тој го изнајмуваше од протестантска Црква, за кој допрва ќе дознаеме дали му бил казна или награда, потенцира Аврамовски Александров.

Тој смета дека ако Синодот не го расчини решително пред тој да се пензионира, „неговата валкана и злосторничка биографија ќе остане како сенка врз карактерот на сите владици на МПЦ од неговото време кои го толерирале, штителе или соработувале со него“, вели Игор А. Александров, Претседател на Здружението на македонски заедници во Австралија.

Инаку, Игуменот Гаврил не е дел од надлежноста на Владиката Петар, туку во состав на Епархијата со која раководи Владиката Тимотеј. Отец Гаврил со одлука на Владиката Тимотеј служи во црквата Света Петка во Рокдаил, откако по 18 години поминати по судови и потрошени милиони долари, Синдоот на МПЦ му ја одзеде оваа црква на Владиката Петар и ја стави под јуриздикција на Владиката Тимотеј..

Одлуката за расчинување на Гаврил сега ќе треба д аја разгледува Архиепископскиот црковен суд.

Коментар(4)

  1. Posle tolku zlodela, lagi, manipulacii, kavgi, raspravii, kleveti, ljubomora, alchnost za pari i soblazni vreme e. Zbogum vladika Petar.

    I vreme e za nov pocetok vo Avstralija so ljubov, smirenie i trpenie kako sto ni pokaza Otec Gavril. Sv Petka, konecno po 20 godini ima mir. Mirot go donese Otec Gavril. Ako sakame edna crkva i mir megu lugeto ni treba edna eparhija i eden Vladika – Otec Gavril.

  2. Komentar ili komentari mislam deka se nepotrebni. Sekoj eden razumen i cesen pa i pameten covek gleda pred sebe slika na eden ziv star covek , so dolga bela brada, koj e involviran vo golemi verski i nacionalni problemi.Toj katadnevno se pojavuva vo site internet portali na Balkanskite prostori. Koga ke gi pogledne covek negovite oci …. KOMENTAROT e navistina izlisen. Citajte gi samo ocite na vladikata Petar.

  3. Ne mora da baraat vernicite od Avstralija Petar da bide rascinet. Tao, da e toj sovesen , kako sto nee ,samiot treba da podnese predlog do sinodot da bide , ne samo rascinet, tuku i oddalecen od crkvata. Ili pak toj da ima gram mozok, kao sto nema, treba samiot da si donese odluka voopsto da ne se pojavuva v crkva i nikade da ne se pretstavuva kako vladika. . samiot treba da si ja frli mantijata i nikade da ne se pojavi kako , nitu vladika, nitu da bil nesto ili voopsto vo crkovna sluzba.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *