Почетна Вести Регион Македонците во Aлбанија го прославија Божик
Македонците во Aлбанија го прославија Божик

Македонците во Aлбанија го прославија Божик

113
0

Големиот христијански празник Божик, денот на Христовото раѓање беше прославен меѓу православните Македонци во Албанија.

Во духот на македонските обичаи и традиции, разменувајки желби за здравје, среќа, мир и благосостојба, голем број Македонци присуствуваа во црквите во Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник, Ербеле, Горно Крчиште, Долно Крчиште како и во градовите Корча, Билишта, Поградец, Елбасан и Тирана, пишува порталот Весник-илинден.

Како и секоја година и ова година за Божик, Македонците од Албанија кои се во емиграција, се вратија во своите родни места и заедно со своите најблиски го прославија Христовото раѓање.

/vesnik-ilinden.com

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *