Почетна Вести Македонците од Нов Зеланд ја напуштија епархијата со која раководи владиката Петар
Македонците од Нов Зеланд ја напуштија епархијата со која раководи владиката Петар

Македонците од Нов Зеланд ја напуштија епархијата со која раководи владиката Петар

685
1

Управата на македонската црковна општина „Собор на сите Македонски Светители­“ од  Окланд , Нов Зеланд, донела одлука да ја напушти епархијата со која раководи, владиката г.Петар и да побара приклучување кон Австралиско Сиднејската Епархија, со која раководи надлежниот архиереј владиката г. Тимотеј.

Оваа вест, ја објавува порталот. „Фаланга“, кој ја објавува и официјалната одлука што управата на црквата ја донела на 28 март оваа година.

Nov zelandГлавната причина за напуштањето на Австралсико-новозеландската епархија и барањето за припојување кон Австралиско-сиднејската епархија на МПЦ, била нефнкционалноста на црковната општина, поради неможноста надлежниот архиереј и раковдството на епархијата, да организираат постојан црковен живот на верниците во Нов Зеланд.

Неколкуте обиди да се назначи постојан свештеник во оваа Црква, биле неуспешни.

Сепак од соопштението на Управниот одбор на црквата на МПЦ во Нов Зеланд, може да се прочита и уште една сериозна причина за нивното дистанцирање од Владиката г. Петар, а тоа е како што велат отстранувањето на Игуменот Гаврил и неговиот прогон.

Македонците во Нов Зеланд, велат дека најзначаен за основањето на нивната црковна општина бил токму Игуменот Гаврил и тие имаат единствено доверба во него.

nov zelan naslovna-Една од причините зашто се одлучуваме на овој чекор е и односот кон о. Гаврил. Ние сметаме, ако некој е најзаслужен за основањето на Парохијата во Нов Зеланд тоа е о. Гаврил, поранешниот игумен на манастирот св. Прохор Пчински во Донибрук. Благодарение на неговото залагање и напорите на првиот претседател на нашата Парохија Александар Ивановски се дојде до основање на нашата Парохија во Нов Зеланд. На почетокот почесто бевме посетувани од о. Гаврил, и одржувани литургии. Повеќето од нас верниците првите чекори во Црквата ги направивме со поткрепа и благослов на о. Гаврил и ни беше нашиот духовен водач. Тој ни помагаше со свеќи и други материјални средства за Црквата. При една посета ни донесе 7,000,00 АУД., средства донирани за нашата Црква од верниците при Манастирот “Прохор Пчински“, Мелбурн.

Првото венчавање во нашата Црква беше извршено од о. Гаврил, а наредниот ден беше извршено и Светата Тајна Крштевање. Луѓето тука многу го почитуваат о. Гаврил и само на него му веруваат. Тоа им го кажавме на о. Љупчо Каревски, о. Јовица Симовски и на Владиката Петар. Неколку пати побаравме од Епархијата да не посети о. Гаврил за поддршка и поттикнување на моралот кај народот, без објаснување бевме одбивани или под објаснување дека ” о. Гаврил е презафатен”.

Otec Gavril nov zelandСе почувствувавме разочарани и измамени затоа што ние не сме мали деца или луѓе без интелект па да и поверуваме на таквите нивни ниски измислици. Ние не знаевме дека тој имал постојани притисоци и закани од раководството на Австралиско­ Новозеландската Епархија, за тоа дознавме од интернет, социјалните мрежи и медиумите. Знаејќи ги лично о. Гаврил и луѓето од раководството на МПЦЕАНЗ кои го обвинуваа, секако дека повеќе му веруваме на о. Гаврил и застанавме зад него. Побаравме и официјалното објаснување за случувањата со о. Гаврил, на што ни беше одговорено со две реченици дека “се е под контрола и секој си ги извршува своите должности, и дека нема никаков проблем”.

За Божиќ 2016год. служеше Архиерејскиот Заменик о. Јовица Симоновски. При читањето на писмото тој го оцрнуваше и навредуваше о. Гаврил, за кое верниците не сакаа да слушаат и ја напуштија Црквата. За секој неуспех во нашата Парохија и Епархијата раководството на Епархијата го обвинуваше о. Гаврил. После сите овие случувања повеќето од Македонските верници ја напуштија нашата црква и своите духовни потреби ги задоволуваат со посетување на другите Православни Цркви, Руската и Српската Црква, а младите воопшто не одат на црква или почнаа да си ја менуваат нашата света православна вера со што повторно дојдовме до состојбата од пред 20 години, пишува во образложението на одлуката Управниот одбор на Црквата во Нов Зеланд.

Otec Gavril nov zeland 2Засега нема реакција од Владиката г. Петар за оваа одлука.

/РЕЛИГИЈА.МК

Коментар(1)

  1. Е па кога една светилка свети не се става под поклоп, туку на свеќник, за да ја видат нејзината светлина сите. А што да кажеме кога се работи за полиелеј, за некој кој свети со многукратна светлина, бидејќи е украсен со многубројни Божји дарови? Во него сите сакаат да гледаат, та водени од неговата светлина да Му принесуваат служба на Бога. Таквиот, и да е гонет заради начинот на којшто Го сведочи Христа, во себе има мир и радост Божествена, која постојано го напојува со сила од висините. Таквиот знае дека голема е неговата награда на небесата, зашто Бог му ја покажал и го утешува многукратно, сообразно на многукратните зраци на Несоздадената Светлина што зрачи од неговото срце и од лицето совршено охристовено.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *