Почетна Вера МПЦ-ОА Македонците од Австралија се поклонија пред моштите на Свети Гаврил Светогорец
22
23
24
0
20
19
18
17
16
11
12
13
14
15
10
9
8
7
6
2
3
4
5

Македонците од Австралија се поклонија пред моштите на Свети Гаврил Светогорец

569
0

На 11 и 12. јануари 2018 година, кога МПЦ-ОА го чествува денот на Свети Гаврил Светогорец- епископ Велички, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, во близина на Мелбурн (Викторија) торжествено беше прославена првата официјална слава на овој новоканонизираниот светител.

Празнувањето почна во предвечерието, со служба на игуменот на манастирот, архимандритот Гаврил во сослужение на јерејот Климент Станковски. Верниците во огромен број имаа можност да се поклонат на светите мошти на светител Гаврил Светогорец, епископот Велички, кој е светител од новото време.

Честички од неговите свети мошти се наоѓаат во Австралија, откако Митрополитот Брегалнички г. Иларион и игуменот на Лесновскиот манастир, Архимандритот Дамаскин му ги подарија на Архимандритот Гаврил при неговата посета во Македонија.

-Ја користиме оваа прилика да му се заблагодариме од името на цела Македонска заедница во Австралија на Митрополитот г. Иларион, како и на Архимандритот Дамаскин за дарението на светите мошти. Голема беше радоста кај присутните верници кога Архимандритот Гаврил го отвори кивотот со свети мошти. Благоуханиети беше присутно и верниците кои се поклонија се исполнија со благодат. Архимандритот Гаврил одржа свое пригодно слово, во кое меѓу другото нагласи дека светиот Гаврил Светогорец, епископот Велички, големиот испосник и подвижник од нашето време со својот живот, дела и чуда ни е даден од Бога како пример за следење на патот кон светоста и спасението, велат од Австралиско-сиденејската епархија на МПЦ-ОА.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *