Почетна Вера Македонците од Австралија го одбележаа јубилејот на автокефалноста на МПЦ-ОА
av 1
av 2
av 3
av 4 gavril
av 5
av 6
av 7

Македонците од Австралија го одбележаа јубилејот на автокефалноста на МПЦ-ОА

114
0

Во Рокдејл – Сиднеј (Нов Јужен Велс) во присуство на голем број вернмици, гости и претставници од општествената јавност, викендов беше одржана долго најавуваната прославаза големите  јубилеи „50 години од прогласувањето на автокефалноста на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква  и „26 години од Денот на прогласувањето на независноста на Република Македонија.

Прославата беше централна манифестација за македонската дијаспора и траеше три дена.  Таа беше организирана од страна на Австралиско – сиднејската  епархија со благослов на надлежниот архиереј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.

Прославата почна на ден 08 септември (петок) со свечена академија и банкет во Македонскиот културен центар „Илинден“, каде што многубројните гости беа почестени со многу богата научна, културно – уметничка и фолклорна програма. На свечената академија покрај огромниот број на македонскиот народ, кој се собра од сите краишта на Австралија, присуствуваа и: преставници и свештенство од Австралиско-сиднејската епархија, преставници од Помесните православни цркви, претставници на Македонската заедница, потоа Амбасадорот на Р. Македонија во Австралија г. Веле Трпевски, како и преставници од културниот и општествено-политичкиот врв на Австралија. Присуство на прославата зедоа и пратениците од Собранието на Австралија: г. Lou Amato (Либерална партија) и г. Stephen Jones (Социјалистичка партија).

-Она што е особено важно да се нагласи – е тоа што за оваа наша прослава слушнаа и останатите народи во Австралија, како и Помесните православни цркви, кои испратија свои преставници на свечената прослава да ја споделат нашата радост. Посебно, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Иларион, Првојерарх на Руската Задгранична Православна Црква” испрати своја телеграма, која беше прочитана на прославата од нивниот преставник. Ја користиме оваа прилика јавно да им се заблагодарам за тоа дело и за искрената подршка, велат организаторите на настаните.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *