
Македонците од Албанија и Бигорскиот манастир ќе ја продлабочуваат соработката
335
0
Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај, остварил средба со игуменот на Бигорскиот манастир Св. Јован Крстител, архимандритот Партениј.
На средбата, како што соопштува организацијата, претседателот на Македонско друштво ”Илинден”- Тирана, го информира игуменот на Бигорскиот манастир за активностите на друштвото и му подари книги и весник ”Илинден”.
На средбата била потенцирана потребата за повеќе соработка игуменот на Бигорскиот манастир и здружението на Македонци од Албанија. Ѓурѓај му подарил икона Св.Никола.