Почетна Вера Македонците од Албанија го честитаа Богојавление
Македонците од Албанија го честитаа Богојавление

Македонците од Албанија го честитаа Богојавление

79
0

Македонците од Албанија испратија честитка до поглаварот на МПЦ – ОА Архипископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан порачувајќи дека големиот христијански празник, Богојавление да биде молитва за убави дела.

„Дозволете ми во мое лично име и во име на Македонското друштво “Илинден”-Тирана и името на Македонското малциство во Република Албанија. Вам лично, на Вашето свештенство и на сите православни верници, да ви го честитам големиот Христијански празник Богојавление Христово – Водици.Богојавление е настан што просветлува и не поучува на прочистувањето кога постои вистинската верба. Радувајќи се на Исусовото крштевање, осветувајќи ги македонските води да си посакаме подобра иднина, знаење, мудрост и енергија, сила и верба за позитивните исчекори. Да се помолиме и да си посакаме убави празнични денови, а убавите мисли и дела, честа и достоинственоста да не следат и да се постојано со нас и оваа година. Бидете благословени и нека ни е честит големиот христијански празник. Ваше Блаженство,„ стои во честитката од Претседателот на македонското друштво „Илинден“ од Тирана, Никола Ѓурѓај.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *