Почетна Вести Мајка Тереза прогласена за Светица
v4
v10
v2
v5
v 1
v12
v13
v14
v15
v16
v17
v18
v 111

Мајка Тереза прогласена за Светица

214
0

Поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск на церемонија која се одржа на плоштадот „Св. Петар“ ја прогласи Мајка Тереза за Светица.

v 111На канонизацијата на Блажена Мајка Тереза присуствува македонска државна и црковна делегација, предводена од претседателот Ѓорге Иванов.

v18Во состав на македонската делегација, покрај претседателот Иванов, се и премиерот Емил Димитриев, министрите за надворешни работи и за култура, Никола Попоски и Елизабета Канческа Милевска, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, претставници на Католичката црква во Република Македонија и на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, како и претставник на фамилијата на Мајка Тереза.

v17Посебно место на свеченоста, јави дописникот на МИА, имаат Република Македонија, заедно со Република Албанија и Република Индија, како земји на нејзиното раѓање, потекло и мисија.

v16На канонизацијата на Мајка Тереза присустваат многубројни верници и високи гости од целиот свет. Најавено беше присуство на 13 шефови на држави или влади. Распределени беа 100.000 билети за следење на церемонијата на плоштадот „Свети Петар“.

v15Во градот има засилени безбедносни мерки, а небото над Ватикан денеска е зона забранета за летање.

v14Акредитирани се 600 новинари од целиот свет, а настанот го следедат 125 телевизики куќи. Радио Ватикан пренесува во живо на шест јазици.

v13Во организација на Спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје и Министерството за култура вечер во црквата „Свети Станислав“ во Рим свечено ќе се отвори изложбата на фотографии и текстови поврзани со животот и делото на Мајка Тереза „Madre Teresa – Santa di Skopje, Santa del mondo“, на која ќе присуствува и претседателот Иванов.

v12Утре на плоштадот Свети Петар ќе биде одржана утринска миса во чест на Мајка Тереза, што ќе ја води државниот секретар на Светата столица, кардиналот Пјетро Паролин.

v 1Инаку, Мајка Тереза беше добитник на Нобелова награда за мир, а нејзиниот чудотворен карактер беше признаен од Римокатоличката црква.

v5По каноните на Римокатоличката црква, светец, односно светица се станува откако ќе се утврди дека личноста направила најмалку две чуда. Церемонијата на нејзината беатификација за блажена, што беше чекор кон прогласување за светица, се одржа во 2003 година, шест години по нејзиното упокојување, откако Папата Јован Павле Втори го призна нејзиното прво чудо, излекување на Индијката Моника Бесра во 1998 година со наод тумор во стомакот. Пет години подоцна, Папата Францис го призна второто чудо на Мајка Тереза поврзано со нејзината моќ за исцелување, необјасниво лекување на маж од Бразил од неколку мозочни тумори во 2008 година, додека тој бил во кома.

v2Според Католичката црква нејзината светост е во тоа што во дело ги спроведувала зборовите божји и што се посвети на најзагрозените групи во општеството.

v10На церемонијата на беатификација на Мајка Тереза, одржана на плоштадот „Свети Петар“ во Рим, присуствуваа над 300 илјади верници. Со свечената служба раководеше тогашниот поглавар на Римокатоличката црква, Папата Јован Павле Втори, додека на церемонијата присуствуваше и многубројна македонска делегација, предводена од претседателот Борис Трајковски.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *