Почетна Вести Европа Лукашенко обвинува за провоцирање црковен раскол во Белорусија
Лукашенко обвинува за провоцирање црковен раскол во Белорусија

Лукашенко обвинува за провоцирање црковен раскол во Белорусија

160
0

Противниците на белоруската држава се обидуваат да го скршат единството на православните верници во Белорусија со прогласување на ткн афтокефалност за Белоруската православна црква, предупреди во петкот белорускиот претседател Алескандр Лукашенко на средбата со свештенството од Жировчичкиот манастир, пренесува државната новинска агенција БелТА.

„Постојат одделни епизоди во оваа глобална конфронтација коишто имаат фундаментално значење за постоењето на белоруската нација. Една од нив, кои ги гледаме во последниот период, неодамна ја дискутиравме и со нашиот патријарх“, рекол Лукашенко,

Според него, противниците на Белорусија го следат проверениот пат, и сакаат да објават автокефалност на белоруската православна црква. Лукашенко посочил дека со таа цел веќе се преземени конкретни чекори.

„Испратени се писма во Константинопол (Истанбул, седиштето на Цариградската патријаршија), до нашиот патријарх кој ме информираше за тоа, па дури веќе гледаме преврат“, додал белорускиот претседател.

Лукашенко додал дека поради тоа ѝ наложил на претседателката на горниот дом на парламентот да се одржуваат постојани контакти на оваа тема меѓу државата, водството на земјата и црковниот врв.

„Затоа за да, не дај Боже, да го преспиеме овој момент. Мораме да сториме сѐ за да го зачуваме нашето главно достоинство – конфесионалниот мир во Белорусија“, истакнал Лукашенко.

Повеќето Белоруси одат во црквите на Белорускиот егзархат на Руската православна црква (Белоруска православна црква – БПЦ), чиј поглавар е Митрополитот мински и заславски Венјамин, Патријаршиски егзарх на цела Белорусија. Паралелно во земјата дејствува и ткн „Белоруска автокефална православна црква“, создадена во раните 1990-те години од расчинети свештеници на Руската православна црква. Речиси сите парохии на оваа официјнални непризнаена црква се во Северна Америка, додека во самата Белорусија има само една заедница.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *