Почетна Коментар Лошиот претседателски ден
Лошиот претседателски ден

Лошиот претседателски ден

672
1

Претседателот Стево Пендаровски, кој воедно е и врховен комнадат на армија членка на НАТО, татко на нацијата чии национални и стратешки интереси се членство во Европската Унија и прв човек на држава што е на списокот непријателски држави со легитимна цел на Владимир Путин, смета дека вториот човек на Руската Правиославна Црква, кој три дена како јанкесеџија ќе се рашетава по македонските цркви и манстири и ќе собира симпати кај македонските верници, со неговите лицемерни и лажни пораки за братство и единство, не значи и загрозување на националната безбедност.

Сериозно ли мисли Претседателот Стево Пендаровски дека руските митрополит Антониј, чиј кредибилитет во руската црква е рамен на нула, односно поставен експресно во екот на војната во Украина преку ноќ, за да биде директен послушник на Патријархот Кирил, дошол во Македонија да му донесе торта со свеќички на Архиепископот Стефан за именденот?

Претседателот е претседател или аналитичар, за да оценува дека „ лично нема проблем со се што се движи во тие рамки на црковните односи, имајќи предвид, тоа што Руската црква ја призна Македонската православна црква и не мисли дека ја руши државата.“

Пендаровски е претседател на држава и неговото лично мислење е едно, а сосема друго е суштинското функционирање на институцијата Престедател.

Како Претседател на држава морал да ги знае сите аспекти на улогата на Руската црква пред да дава вакви оценки, особено во контекстот во последната една година, затоа што нејзината улога во светските односни не е црковна, ами политичка.

Претстедателот треба да знае дека Европската Унија го стави под санкиции Патријархот на Руската црква Кирил, кој лично го испратил Антониј овде во Скопје. Престедател на државата, која е патрнер на НАТО, а не на руската воена инвазија, треба да знае дека Европскиот парламент ја осуди улогата на Руската црква, бидејќи ја поддржува воената интервенција во Украина.

Претседателот на држава апирнат за члнество во ЕУ, која се држи до пропишаните санкции кон Русија, треба да знае дека Рускиот Патријарх е осуден од речиси сите христијански цркви во светот затоа што благословува смрт и затоа што ветува „царство небесно за руските војници кои ќе загинат во Украина“.

Претседател на серизна држава не релативизира и бара оправдување за посета на половина оддел за надворешни работи на Руската црква во Македонија со образложение дека мисли оти „до овој момент мислам дека средбите беа само во рамки на Црквата и се разговараше само за црковни прашања“, туку ги свикува сите безбедносни фактори во државата и бара отчет од раководството на црквата за ваквите непромислени постапки.

Претсетседател на авторитетна држава мора да биде информиран дека проблемот е токму во разговорите за црковните работи, а не да чека да почнат црквите политика да исправаат. Мора да знае дека главната цел и улога на Антониј и Руската црква е создавање раскол и поделба на македонските православни верници. Мора да е информиран од институциите на државата задолжени за тоа, дека тоа е најсериозното безбедносно прашање за Македонија во овој момент.

Колку и да нема познавања од црковните односи, треба да има советнички тим кој ќе му предочи како и зошто Руската црква една година активно ја игра улогата на руската дипломатија, која е оневозможена тоа да го прави, особено во државите со доминатно православнио население.

Претседателот на државата, ако веќе добил новинарско прашање, на него може да одговори дека ќе разговара со МПЦ-ОА, за да слушне поради кои причини е рускиот шеф на црковната дипломатија гостин, и на тој начин нема да ги охрабрува проруските инсталации во Македонија.

М.Н.

Коментар(1)

  1. Овој текст (како капак на низа претходни) на г-динот Марјан Николов е рамен на неформален извод од неговиот прилив на приходи од странство. Кога би можел да го види тоа, не би го ни објавил. А ако успева да согледа, а сепак го објавува, многу полошо е и многу е подлабоко дното на кое е подготвен да паѓа, што упатува на многу потешка причина за едно лично ропство кое одамна го пеплосало поимот ‘новинарска чест’, а камоли ‘граѓанско достоинство’ или ‘христијанска совест’. Ако ја примениме неговата методологија, а да погледнеме од друг агол, овој негов информативно-пропаганден сајт (чие име полека станува фарса) сам по себе претставува безбедносна закана за македонското општество, со оглед дека се труди да истренира и регрутира кај читателството непријатели на една огромна држава со стотици милиони жители (мнозинството од нив православни христијани) која досега не покажала никакви непријателски дејства кон нашата држава и кон нашиот народ на ниедно рамниште. Националното битие не е лего коцка за да го блокирате или врамите во сеедно кој од блоковите коишто слепо ги „почитувате“ и за кои од петни жили ревнувате. Христијанската слобода не е некоја „демократска величина“ или хуманистичка вредност која ќе можете да ја вклопите во веќе очигледниот тоталитаризам на вашиот самофален западен свет. Денес тој свет се’ поотворено ја прогонува, на сите фронтови, ризикувајќи до своето самоуништување елементарната христијанска вистина за интегритетот на човековата богодаденост. Но како се дрзнувате да ја прогонувате вие, кој Истокот го имате во вените, и немате поим ни што јадат нивните гулаби!

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *