Почетна Вести Европа Лондон: среде ѓубре пронајдени мошти од Св. Климент Римски
Лондон: среде ѓубре пронајдени мошти од Св. Климент Римски

Лондон: среде ѓубре пронајдени мошти од Св. Климент Римски

132
0

Мошти од Св. Климент Римски беа пронајдени од страна на вработените во фирмата за рециклирање на ѓубре Envirowest. Тие веднаш ги известиле надлежните општествени служби за ваквиот значаен пронајдок и ги повикале да спроведат експертиза и поставување на моштите на соодветно место, односно светилиште.

Имено, моштите на Св. Климент Римски биле украдени од автомобилот на еден анонимен човек, заедно со уште неколку други предмети. Очигледно неукиот крадец не сфатил што украл и затоа, како излишен „материјал“ од украденото, ги фрлил моштите во ѓубре.

Кога фирмата објави за пронајдокот и излезе со апел за помош да се најде достојно место за иднината на моштите, Софи Андреа – заменик претседател на Комисијата за односот кон сакралното наследство на католичките бискупи од Англија и Велс, се обрати кон раководството на Envirowest, со молба да се предадат моштите на Католичката црква. Подоцна, црковното раководство предложи моштите да бидат ставени во катедралата во Вестминстер, која е катедрален храм на Католичката црква во Англија и Велс. Одговорните служби постапиле според нивната должност и ги заштитиле моштите во Вестминстерскиот собор, а со тоа се согласил и претходниот сопственик на моштите, кој сакал да остане анонимен.

Св. Климент Папа Римски бил четвртиот епископ на Рим и еден од 70 Апостоли, кој пострадал маченички во Херсонес уште во 1 век.

/Бигорски

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *