Почетна Вести Лондон и Анкара договараат борба против тероризмот
Лондон и Анкара договараат борба против тероризмот

Лондон и Анкара договараат борба против тероризмот

35
0

Премиерите на Велика Британија и Турција Тереза Меј и Бинали Јилдирим разговарале за борбата со тероризмот за време на нивниот едночасовен разговор денеска во Анкара.

На заедничката прес-конференција по средбата, Јилдирим наведе дека двете земји планираат да потпишат договор за слободна трговија, откако Велика Британија ќе ја напушти ЕУ.

– Ќе ги развиваме нашите односи независно од Европската унија, нагласи турскиот премиер.

Тој посочи дека на средбата било разговарано и за борбата против терористичките организации.

Јилдирим потенцира дека, двете земји се истомисленици во оваа борба и планираат да ја активираат.

Разгледани биле исто така и можностите за обезбедување на уште поголема безбедност на аеродромите, а двете земји планираат во текот на оваа година заеднички вежби на службите за цивилна воздушна пловидба.

Премиерите на Турција и Велика Британија се размениле мислења и за кипарскиот проблем и кризите во Сирија и Ирак.

Тереза Меј ги окарактеризирала односите на Велика Британија со Турција како витални, јави турската телевизија „НТВ“.

– Турција обезбедува голема поддршка во борбата против тероризмот, истакна таа, споменувајќи ги заканите за оваа земја кои потекнуваат од тероризмот.

Во однос на кипарското прашање Меј изрази надеж дека ќе биде постигнат договор во скоро време.

Британската компанија „БАЕ Системс“ и Турската воздухопловнa индустрија (ТАИ) потпишаа договор во вредност од 125,5 милиони долари, што предвидува партнерски да развијат програма за ловци во Турција.

Меј наведе дека со потпишувањето на договорот, Велика Британија покажала дека е отворена за бизнис, што според неа бележи „почеток на нови и подлабоки трговски односи со Турција“.

Претходно Меј разговараше со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за унапредување на соработката во областа на воената индустрија и трговијата.

На состанокот, Меј и Ердоган се договориле да формираат работна група за зајакнување на билатералната трговија по излезот на Велика Британија од Европската унија.

По состанокот, Ердоган наведе оти се надева дека обемот на трговската размена со Велика Британија ќе порасне од сегашните 15,6 милијарди долари на 20 милијарди долари.

TerorizamМеј, која во Анкара пристигна по посетата на Вашингтон, каде како прв странски претставник разговараше со новиот претседател на САД Доналд Трамп, настојува со нејзината дипломатска офанзива да ги подобри трговските односи на Велика Британија со земјите надвор од ЕУ, во рамките на подготовките на Лондон за излез од Унијата.

– Се договоривме да имаме заедничка работна група која ќе го подготви теренот за нашите трговски односи по Брегзитот, нагласи Меј по разговорот со Ердоган.

Британскиот премиер зборуваше и за обидот за пуч во јуни минататата година, наведувајќи оти е „горда“ што Велика Британија била покрај Турција во тоа време, но укажа и на значењето на почитувањето на човековите права.

– Сега е важно Турција да ја одржи нејзината демократија така што ќе го почитува владеењето на правото и обврските во поглед на човековите права, потенцира Меј.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *