Почетна Вести Лондон го доби првиот муслиман градоначалник во историјата
Лондон го доби првиот муслиман градоначалник во историјата

Лондон го доби првиот муслиман градоначалник во историјата

152
0

sadik kanЛабуристот Сакид Кан победи на избори за градоначалник на Лондон, со што стана првиот муслиман кој ќе раководи со европски најмоќниот центар.

За себе вели дека е „муслиман, Британец и Европеец“.

– Јас сум Британец. Имам пакистанско потекло, татко сум, сопруг, навивач на Ливерпул, изјави Кан.

Британците вчера гласаа за нова власт во Шкотска и Велс, за повеќе од 2.700 локални функционери ширум Англија и за нов градоначалник на Лондон.

Кан за девет процентни поени го победи конзервативецот Голдсмит.

Кан во владата на Гордон Браун беше министер за заедници, а подоцна министер за сообраќај.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *