Лицето на вистинскиот Свети Никола реконструирано со 3D технологија покажува дека навистина личел на Дедо Мраз

Date:

Share post:

Во една од најинтересните божиќни вести годинава, научниците што го проучувале черепот на вистинскиот човек познат како Свети Никола откриле дека неговите пропорции на лицето доста добро одговараат на оние опишани во познатата божикна песна „’Twas the Night Before Christmas“.

Со помош на 3D дигитална реконструкција на лице, која често се користи во археологијата за визуелизација на древни черепи, научниците успеале да создадат слика на „Свети Никола“ онака како што навистина би изгледал за неговите следбеници.

„Свети Никола од Мира или Свети Никола од Бари имал хеленско потекло и потекнувал од Патара, Мала Азија (денешна Турција), во Римската Империја, каде што се родил во втората половина на третиот век (помеѓу 250 и 270 година), а умрел меѓу 335 и 370 година,“ напиша авторот Чичеро Мораес во студијата за дигиталната реконструкција.

Меѓу ранохристијанските заедници, научниците запишале дека Свети Никола имал еден од најшироко распространетите култови. Лесно е да се разбере зошто – неговото силно, но нежно лице, заедно со репутацијата на Свети Никола од Мира како милосрден дарител, било добредојдено за обесправените во Римската Империја.

Традицијата на дарување што произлегла од овој Светител инспирирала создавање на холандскиот народен херој „Синтерклаас“, кој се споил со англискиот „Отец Кристмас“, познат по празнувањето, а не по дарувањето, за да го создадат Дедо Мраз/Санта Клаус каков што го знаеме денес.

Со брада, дигитално реконструираниот изглед извонредно потсетува на оној опишан во поемата „’Twas the Night Before Christmas“ од 1823 година, која се смета за најпознатите божикни стихови во Америка.

Обично припишувана на Клемент Кларк Мур, неговото опишување на Свети Никола вклучува „широко лице“ со весели црти, „образи како рози и нос како цреша,“ над „насмевната мала уста“.

Мораес и неговиот тим веројатно биле изненадени кога ја виделе финалната реконструкција, бидејќи многу одговарала на поемата. Можеби најголемата разлика е носот на Дедо Мраз кој наликува на цреша. Свети Никола од Мира имал асиметричен нос кој се свиткувал надесно.

Во студијата се чита како прецизната форензичка анализа била употребена за реконструкција на лицето од черепот, но и како друга коска, која му припаѓала на Свети Никола, покажала повисока минерална густина отколку коските на современ 70-годишник, што укажува на природна цврстина и ја потврдува реконструкцијата со заоблено широко лице и глава.

Статистичките пропорции, анатомските принципи, томографијата и историските извори – сите тие биле искористени за создавање на лицето, кое било визуелизирано во сива боја преку чиста математика, а во боја, со коса и облека, според вештачка интелигенција која го прилагодила основниот модел за да ги додаде површинските карактеристики на 70-годишен човек.

Резултатот е слика која неверојатно потсетува на првата визуелизација на Дедо Мраз, од изданието на Harper’s Weekly Magazine од 1863 година во САД.

Големиот христијански светител, Свети Никола, познат како голем заштитник, добротвор и чудотворец, со векови останува еден од највозљубените светители во христијанскиот свет, а неговата слава ја надминува религиозните и културните граници. Како симбол на дарежливост, храброст и нежна грижа, Свети Никола е вкоренет во срцата на милиони луѓе ширум светот. Неговата безгранична љубов кон сиромашните и обесправените, и неговата ревност да донесе радост и мир во животите на луѓето, го направија пример на добродетел и човечка топлина. Во традициите на Истокот го чествуваат како голем заштитник на морнарите, патниците и семејствата, додека на Западот неговиот лик инспирираше создавање на фигурата на Дедо Мраз, кој носи радост на децата. Во неговата личност се спојуваат доблестите на верата и човечноста, оставајќи зад себе трага на светлина што не згаснува, дури и во најмрачните времиња. Свети Никола останува пример дека љубовта, милосрдието и добрината се универзални јазици што ги поврзуваат сите луѓе.

/goodnewsnetwork.org

1 COMMENT

  1. Православните христијани никојпат нема да ја прифатат таа “научна симбиоза” со свети Никола и Дедо Мраз (Санта Клоз) заради светоста, а не од создавање култови во профанираниот свет…

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нов 21 метарски крст во Скопје

Од минатата сабота, на празникот Митровден, небото над Раштак и Скопска Црна Гора доби нов симбол – светлечки...

Ватикан покрена истрага против швајцарски гардист поради наводен антисемитски инцидент

Ватикан започна истрага поради наводен антисемитски инцидент во кој припадник на Папската швајцарска гарда, за време на папска...

Незадоволство во редовите на Руската православна црква: свештеници проговорија за војната и лицемерието на системот – III

Го напуштив свештенството во Руската православна црква – не сакам повеќе да се мачам во атмосфера на дволичност...

Православната вера отсега ќе може официјално да се изучува во холандските училишта

Каде и да има родители што ќе ги запишат своите деца, и обучени наставници кои се достапни, ќе...