Литија за Свети Никола во Куманово

Date:

Share post:

Куманово го прослави Свети Никола со масовна литија од Соворниот храм до градскиот плоштад. На храмовата слава на митрополитскиот соборен храм Свети Никола беа тројца владици на МПЦ-ОА.

Со литургијата чиноначалствуваше европскиот митроилит г. Пимен заедно со домаќинот Кумановско-осоговскиот митрополит г. Григориј и епископот Стобиски г. Јаков.

По литургијата за Свети Никола, верниците ја организираа големата литија од соборниот храм до градскиот плоштад, каде беше извршен Водосвет, и беше благословен и прекршен празничниот леб.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img