Почетна Вести Европа Лидер на десничарска партија запали Куран пред данскиот Парламент
Лидер на десничарска партија запали Куран пред данскиот Парламент

Лидер на десничарска партија запали Куран пред данскиот Парламент

269
0

Лидер на данската екстремно десничарска партија „Цврст правец”, Расмус Рлудан, ја запали во Копенгаген муслиманската света книга Куран, сакајќи да ги испровоцира верниците кои се собраа пред зградата на данскиот Парламент во Копенхаген, да клањаат џума-намаз (петочна молитва), јавува Anadolu Agency (AA).

Пред зградата на данскиот парламент во Копенгахен беше организирано клањање на петочната молитва (џума намаз) на отворено, во знак на протест на терористичкиот напад врз две џамии во новозеландскиот град Крајстчрч, во кои се убиени најмалку 50 муслимани. Џума-намазот пред данскиот парламент помина во сенка на провокации.

Иако организаторите на молитвата на отворено пред данскиот парламент уредно го најавија настанот на надлежните органи, група екстремни десничари се собра во близина на зградата на парламентот и ги провоцираше собраните граѓани.

Собраните екстремни десничари на контрапротестот носеа израелско државно знаме, и со автомобилските сирени се обидоа да ги спречат верниците во извршување на молитвата.

Расмус Палудан, лидер на данската партија „Цврст правец”, позната по антимигранските и антиисламските ставови, ги провоцираше верниците муслимани така што пред нив го запали Куранот.

Палењето на Куранот се случи на околу 100 метри од местото каде се клањаше џума-намазот, со оглед дека полицијата на Палудан и на неговите приврзаници не им дозволи да се доближат до собирот.

Пратеникот од редовите на Народната партија на Данска, Мартин Хенриксен, исто така ги провоцираше собраните верници пред данскиот Парламент. Тој пред самото клањање на џума-намазот им се доближуваше на верниците и вербално ги напаѓаше.

Претседателката на данскиот парламент Пиа Кјаерсгард, претходно изјави дека се спротивставува на клањањето на џума-намазот пред зградата на Парламентот на оваа земја.

Во текот на овој настан преземени се високи безбедносни мерки, а полицијата уапси најмалку шест лица.

/A.A

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *