Почетна Коментар Лицемерниот Амфилохије, доби мошти и заборави на МПЦ
Лицемерниот Амфилохије, доби мошти и заборави на МПЦ

Лицемерниот Амфилохије, доби мошти и заборави на МПЦ

1.23K
9

Кратко траеја „милозвучните“ зборови на Српскиот Митрополит Амфилохије кон Македонската православна црква и македонските Архиереи.

jovan-i-amfilohije-2Откако доби уверување дека МПЦ, ќе подари честици од моштите на Свети Јован Владимир и дека лично Митрополитот Тимотеј, утре, ќе ги однесе во Бар за осветувањето на српската црква, Амфилохије се врати на својата стара реторика, па во говорот на осветувањето на крстилницата од црквата, воопшти и не ја спомнал МПЦ, кога ги набројувал делегациите кои ќе присуствуваат на осветувањето на храмот. Истовремено пак го величал Вранишковски, со кого заедно ја осветиле крстилницата.

-Посебен благослов имаме што овде со нас е Архиепископот Охридски и митрополит Скопски Јован, кој беше и претседател на овој научен собор. А, треба да се има предвид дека за време на Свети Јован Владимир овој простор канонски и припаѓал на Охридската Архиепископија, а, еве, денес наследникот на великите охридски Архиепископи принесе бескрвна жртва на Бога и ја освети крстилницата, изјавил Амфилохије.

Набројувајќи ги црковните делегации кои ќе присуствуваат на осветувањето на Црквата, Амфилихије потенцирал дека најава за присуство испратиле Ерусалимскиот Патријарх Теофил, Албанскиот Архиепископ Анастасиј, како и претставници на сите помесни православни цркви.

За Амфилохије сега Вранишковски е „големиот охридски архиепископ, наследник на охридските архиепископи“, а пред само еден месец кога молеше за честици од моштите на Свети Јован Владимир, Амфилохије го ословуваше Архиепископот г.г Стефан, како „Блажењеши Архиепископ Охридски и Македонски“.

Српскиот владика, многу добро знае дека не можат да постојат двајца архиепископи со иста титула на исто подрачје. И од тој аспект, овие негови двојни ставови не можат да се квалифицираат никако поинаку, освен како крајно лицемерие.

Иако потајно се очекуваше ваков расплет на настаните, сепак кај македонските архиереи постоеше некаква надеж дека МПЦ, ако не друго барем ќе биде достоинствено испочитувана за моштите што ќе и ги подари на СПЦ за нејзиниот јубилеј и значаен настан. Но, сосема јасно е дека, наместо тоа Амфилохије решил од Вранишковски да прави ѕвезда на осветувањето на црквата во Бар.

Нека им е со среќа. МПЦ и овој пат покажа дека е Црква со искрен пристап и смисла за единството на Црквата и покрај омаловажувањата и понижувањата што Амфилохије и Вранишковски и ги готват.

М.Н.

Коментар(9)

  1. Македонски архиепископ е г.г. Стефан.
    Српски архиепископ е Вранишковски
    и како таков се водеше на собирот во Крит.
    Нигде не е потпишан како македонски.
    Во Македонија е хиротонисан но и расчинет.
    100% екумениста:
    “Сите мои сили ќе ги вложам
    за обединување на Истокот и Западот”
    Од книгата “Слобода у затвору”
    “Од мал сакав да бидам противречен
    за да се разликувам од другите”
    Значи:црното е црно ама е и бело.
    1988 г. беше во манастирот Успение на Пресвета Богородица
    и старец Тадеј му зборуваше многу за суетата.

  2. А што бара тогаш дедо Тимотеј да подарува мошти? Нека се премисли и тој, тоа е барем лесно.

  3. Ако ти побара некој нешто дај му,ако некој посака да оди со тебе два километра ти оди четири!
    МПЦ отсекогаш стоела праведно рапсната.
    Ох судијо,Сонце на правдата кога ќе дојдеш да му судиш на светот?

  4. Luge moi, svestete se! MPC ne moze da ocekuva nesto dobro od SPC, koja e cetnicka crkva I koja vo vreme na kralska Jugoslavija e mnogu izvalkana so makedonska krv. Osven, ako za nivno dobro, se pokajat I mu se izvinat na nasiot narod I na MPC – Ohridska Arhiepiskopija, sto vsusnost, e mallku verojatno. Cao, prostete.

  5. Е мој г. Ѓорѓески, тоа што пред некое време коментирав дека митрополитот Амфилохије за да добие дел од моштите на св. Јован Владимир, ќе го нарече нашиот архиепископ не само блаженејши туку и автокефален сега се оставрува, но и дека нема да се откаже од г. Вранишковски.

  6. Povece ne sakam da komentiram vasi natpisi vo vrska so odnosite pomedju MPC i SPC , zatoa sto mene nikoj ne saka da me slusa pa ni samiot , ne dedo, tuku visokopreosveten mitropolit Timotej. koj najvece treba da me slusa. Jas ne sum nitu prorok, nitu prorocki sin i pokraj toa sto prorokuvav ama bas deka tocno vaka ce bide, deka mitropolitot Timotej na osvetuvanjeto ce pomine kako bos po trnje. Mu pisuvav deka badijava ce si gi tepa nozete i cepi opincite ako mu otide na gosti na ovoj mudar, prepreden i lukav crnogorec , a kamufliran -prerusen, maskiran vo srpski kaluger. Me cudi visokopreosveteniot Timotej toa da go stori, kako da ne go poznava koj e Amfilokije, i pokraj toa sto ni bese profesor i na mene i na nego na fakultetot vo Belgrad. . Jas uste togas dovolno go procitav, ama za cudo Timotej ne, , pa zatoa se brznal da go namami da mu otide na gosti, t.j. da mu mavne so prazna vreca na gumno i da si se vrati , so izvinuvanje na izraz, kako da spiel so deca., a se znae kako pominuva nekoj koj spie so poveke mali deca kako biva na sabajle-ne e za smeenje-pomocan, a mozi drugo da mu se sluci. I sto sega ?–kako ce mu objasni na sinodot, kako pominal na gosti kako nepozelen, a istovremeno povikan. Na kumanovski receno, otisol da mu go pomandat. I ako taka treba , koga ne me slusa mene o. Agapie. Ne me slusa koga mu pisuvam deka ce otide tamu da se uveri vo velicinata na bratot svoj vo Hrista boga Vraniskovski. Pa sto drugo ocekuval,- da mu lupaat kambana -dosol makedonski vladika. . Imam nekolku prasanja za nego–da li mu baknal raka na Vraniskovski , ili pak samo mostite gi predal i fatil magla, nikoj da ne go vidi da ne mu gledaat sramotija. Koga go videl Vraniskovski trebalo vednas da si okrene grbot i kako da ne ni bil, da se gi varati doma. Pa znaat za nego vo SPC, koga ja zemal diplomata, namesto da se pozdravi so bracata Srbi, kolegi i , kako redot nalaga da se nesto ispie i nazdravi, sto go site ocekuvale , toj si ja zel diplomata i na izlezot se okrenal i pluknal i rekol moja noga nikogas poveke ovde nema da stapi. Da ne stanal makedonski vladika, toa mozebi nikoj ne bi mu go zapamtil , no bidejki stanal, mnozina mu se secavaat na taa ,,razdelba, , so bracata studenti od Bogoslovskiot fakultet vo Belgrad. Pa mozebi i licno Amfilohije toa mu go pamti, mu bese profesor, i zato sega mu vraca milo za drago . Slusnav duri deka ne go udostoil nitu so kafe da go ponudi , ne pak da sosluzubva vo oltarot so ostanatite arhierei, kade sto kako i samiot se uveril, taa cest ja imal Vraniskovski. No taka si e, koj cini sto ne preba , ke dozivee sto ne saka. Mu pisav deka ne treba da odi i deka stavot na SPC kon negoi kon MPC nema da se promeni, Neznam da li drug pat pak ke se odazove na nekoja pokana od Amfilohije i da se pak izlozi nanekoj nepotreben cirkus.

    1. Не можете да го осудувате Тимотеј тоа е и одлука на Светиот Синод на МПЦ.Владиката Тимотеј постапи најсилно Христијански и секој кој ќе ја види ситуацијата Евангелски ќе го види Христос Бог,како искористен,презрен и отфрлен.
      И Амфилохије со самата покана прекрши канонски со тоа што призна двајца владици во ист град.

  7. Martine, Amfilohie da ja p[riznaval MPC i nejzini vladiki, ne bi go postaval Vraniskovski i ne bi osnoval Ohridska pravoslavna arhiepiskopija, Odnosot prema raskolnici, kakov i da e nee nikakov kanonski prestap, oti tie nemaat pravo na kanonska zastitai crkvenite kanoni ne se odnesuvaat i ne vazat za raskolnici. Tie imaat svoi pravila i svoe kanonsko pravo , koe e isto kako i eretickoto , a daleku e od crkvenoto. Crkvenoto pravo se odnesuva samo na kanonskite crkvi, a na raskolnickite, eretickite i na sektite ne se odnesuva. Za niv tao ne vazi, kako sto i nivnoto ne vazi za kanonska crkva.

  8. Postapki na vladika koj e pripadnik na ereticka, raskolnicka crkva ne se karakteriziraat kako hristijanski, tuku , antihristijanski, anticrkveni, oti raskolot i eresta se anticrkveni dejstvija, dejstvija ustroeni protiv crkvata, a osobeno se motivirani od politicki celi koi se nasoceni kon crkvata.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *