Почетна Вести Ислам ЛГБТ заедницата бара извинување од поглаварот на ИВЗ
ЛГБТ заедницата бара извинување од поглаварот на ИВЗ

ЛГБТ заедницата бара извинување од поглаварот на ИВЗ

216
0

Мрежата за заштита од дискриминација и Националната мрежа за борба против хомофобијата и трансфобијата ја осудуваат изјавата на поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ), Сулејман Реџепи, кој на новинарско прашање околу ултиматумот кој му го поставил Скендер Бузаку за оставка од позицијата, одговара дека во Исламската верска заедница нема место за „гејови“ и дека тие треба да бидат надвор од неа.

Со оваа изјава се нарушува остварувањето на слобода на религија и вероисповест како основно човеково право, изречно гарантирано во членот 19 од Уставот на Република Северна Македонија. Го потсетуваме г. Реџепи дека како поглавар на верска заедница, треба да знае дека секој, па и ЛГБТИ луѓето и другите категории луѓе што не му се допаѓаат на него, има право слободно и јавно, поединечно или во заедница со други, да ја практикува својата вера. Со оглед на тоа што изјавата е јавно искажана, таа носи штетни последици за геј-луѓето кои и онака се наоѓаат на маргините во нашето општество и секојдневно се соочуваат со исклучувања во речиси сите аспекти на живеењето. Верското убедување на Сулејман Реџепи не го ослободува од обврските што тој како граѓанин ги има според Уставот, од законите и од другите прописи, што подразбира дека треба да ги почитува основните права и на геј-луѓето, помеѓу кои и заштитата од дискриминација и вознемирување врз основа на сексуална оринетација и родов идентитет, стои во реакцијата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *