
Во обид да ги прикаже „вистинските исламски идеали“, Ирскиот муслимански совет за мир и интеграција во саботата поканил голем број луѓе, од други вери или атеисти, да го споделат духот на светиот празник.
Постот за време на Рамазан се врши од изгрејсонце до зајдисонце за да ја прикаже воздржаноста и е еден од петте столба на исламот. Во текот на денот учесниците во светиот настан мора да се воздржат од јадење, пиење, пушење, секс и други задоволства сè додека да падне ноќ.
„Додека повеќе од една милијарди муслимани низ целиот свет го прославуваат Рамазан со пост и ги ценат благодатите што ни се дадени, подеднакво е важно ирската муслиманската заедница да допре до нашите соседи, како пример на вистински исламски идеали“, рече д-р Омер Ал-Кадри, имам и претседател на Советот.
Споделената ифтар-вечера, оброкот со кој завршува постот, се одржа во Даблин, а на неа присуствувал и еден Евреин-жртва на холокаустот, кој одржал и говор.
Д-р Ал Кадри е отворен поддржувач на ЛГБТ-заедницата во Ирска, споредувајќи ја дискриминацијата на хомосексуалците и на трансродовите луѓе со дискриминацијата што ја доживуваат муслиманите.
По пукањето во геј-клуб во Орландо, Флорида, тој за Ајриш егзаминер изјави дека ја поддржува ЛГБТ-заедницата.
„Ја поддржувам ЛГБТ-заедницата и сум против маргинализација на секоја група“, рече тој. „Тоа не требаше да се случи. Ние самите сме малцинство, сфаќаме што е дискриминација“.
/МКД.МК