Почетна Репортажа Летниот камп по веронаука во Бигорски ги учи децата на вредности
Летниот камп по веронаука во Бигорски ги учи децата на вредности

Летниот камп по веронаука во Бигорски ги учи децата на вредности

517
0

Триесетина дечиња беа дел од вториот ленен камп по Веронаука на Бигорскиот манастир и Манастирот во  Рајчица.

Нивниот престој и секојдневното дружење со монасите и монахињите ќе значи едно огромно искуство на кое ќе се сеќаваат. Од Бигорската обител велат дека  изминативе неколку денови манстирскот комплекс бил повторно украсен со детски џагор и насмеани детски очи.

-Овие денови поминаа во најпрекрасна дружба на малите манастирски гости, со оние коишто по дух им се многу слични и секојдневно се трудат да им се уподобат во незлобливоста и чистотата. Низ таа игра и дружба монасите и монахињите им ја предаваа највозвишената наука за Бога, знаењето за љубовта, верата, надежта, радоста. И беа преисполнети со благодат, благодарејќи Му на Бога што имаа можност некому да ја пренесат својата огромна љубов кон Бога, велат од Бигорската Обител.

Еве како изгледаше секојдневното дружење на децата со монасите и монахињите.

/фото: БИГОРСКИ

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *