Почетна Вести Лешочкиот манастир ќе добие нов конак
Лешочкиот манастир ќе добие нов конак

Лешочкиот манастир ќе добие нов конак

784
0

Стариот конак на лешочкиот манастир ќе биде целосно реставриран. За начинот на кој ќе се реконструира овој дел од манастирскиот комплекс, вчера на консултативна средба во Лешок разговарале  Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Ѓурѓица Лековска, архитект од Националниот конзерваторски центар, нејзините соработници – познатите црковни архитекти Владо и Искра Лековски, како и Архимандрит г. Партениј.

Стручните лица од козерваторскиот центар имаат големо искуство во традиционалната народна и манастирска архитектура. Отец Партени пак, како опитен и долгогодишен игумен на живи општежителни манастири, дал свои совети за изнаоѓање решение на прашања од голема важност за идната ревитализација на Лешочкиот манастир.

Иницијативата за реконструкција на стариот конак е на надлежниот Архиереј, Владиката Јосиф, кој, како што велат од неговата епархија, негува особена љубов кон Лешочкиот Манастир и таму е често присутен.

Стариот конак на Лешочкиот манастир е изграден во 19-ти век, и тој е веќе во многу лоша состојба.

Проектот, кој е почеток на планот за потполно обновување на Лешочкиот манастир, ќе биде финансиски поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *