Почетна Вести Ле Пен: Битката против буркини не е готова
Ле Пен: Битката против буркини не е готова

Ле Пен: Битката против буркини не е готова

92
0

Лидерката на француското десничарско движење Национален фронт Марин Ле Пен изјави дека суспензијата на забраната на буркини на француската Ривеиера не е изненадување, но дека битката се уште не е завршена.

FN-Marine-LePen-mТаа рече дека пратениците мораат „што побрзо“ да гласаат законот од 2004 година за забрана за покривање на главата и другите видливи верски симболи во училиштатата да се прошири на сите јавни простори.

– Биркинито очигледно би било дел од тоа, истакна Ле Пен, која ќе учествува во претседателската трка во 2017 година.

И поранешниот претседател на Франција Никола саркози, кој исто така најави учество во изборот за претседател, синоќа, на митинг на југот на Франција, изјави дека се залага за забрана на буркини на цела територија на Франција.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *