Лав XIV откри детали од односот со папата Франциско: „Не се согласувавме“

Date:

Share post:

Откако ја презеде папската должност и стана папа Лав XIV, кардинал Роберт Превост од Чикаго стана едно од најпрепознатливите лица во светот — човек кој ќе предводи над милијарда верници ширум планетата.

Но, на социјалните мрежи почна да кружи видео од 2023 година, во кое тогашниот монсињор Превост зборува за својот однос со папата Франциско.

Во видеото, Превост отворено зборува за комплицираниот однос со сега покојниот папа Франциско, кој почина на Велигденски понеделник, и открива дека не се согласувале.

„Нема да кажам зошто, но не се согласувавме“, рече Превост, додавајќи дека се запознал со поранешниот папа уште кога Франциско бил надбискуп во Буенос Аирес.

Овој сложен однос меѓу двајцата папи бил дополнително обележан со изјавата на Превост во истото видео: „Со Франциско како папа, никогаш нема да станам бискуп.“

Иако како кардинал беше меѓу омилените кај папата Франциско, сè уште не е јасно околу кои прашања не можеле да најдат заеднички јазик.

Се претпоставува дека несогласувањата се однесуваат на прашања кои Превост ги доживува како предизвикувачки — особено теми поврзани со маргинализираните заедници, за кои Франциск често велеше: „Кој сум јас да им судам?“ Но можно е и дека разликите се однесувале на пошироки црковни прашања што не се ограничуваат само на тие теми.

Како и да е, папа Лав XIV веќе најави дека ќе го следи патот на Франциско во многу аспекти, а кои ќе бидат неговите клучни одредници за понтификатот — останува да се види.

„Игнатиј и Августин, иако двајцата се светци, имале различни сензибилитети — но тоа не значи дека треба да се исклучуваат еден со друг. Видеото е драгоцено затоа што ни помага да разбереме дека во Црквата е можно заедништво и покрај разликите, и сведочи за едно автентично и искрено лице на Црквата“, се наведува во описот на видеото.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Архиепископот на Финска во посета на Патријаршијата на Грузија

Митрополиот Шио (Мужири), местобљустител на патријаршискиот престол и Митрополит на Сенаки и Чхоротску, го прими Архиепископот Илија од...

Патријархот и националистите на ист пат: Литија како сигнал за нова православна политика

Во руската престолнина пред извесно време се одржа голема православна литија по повод верскиот празник Собор на московските...

Одбележана 565-годишнината од пренесувањето на моштите на светиот крал Милутин во Софија

Српската и Бугарската православна црква заедно одбележаа 565 години од пренесувањето на моштите на светиот српски крал Милутин...

Јубилејна литургија по повод 50 години од осветувањето на храмот „Свети Петар и Павле“ во Ѓорче Петров

На 9 ноември 2025 година, по повод 50-годишнината од осветувањето на храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ во...