Почетна Вести Свет „Ламиен“, традиционална храна на муслиманите во Кина
„Ламиен“, традиционална храна на муслиманите во Кина

„Ламиен“, традиционална храна на муслиманите во Кина

372
0

Ламиен (тестенини), традиционалната и практична храна на кинеската муслиманска кујна со векови нуди неверојатен вкус, пишува Anadolu Agency (AA).

Додека јадењата од ориз се јадат на југот од Кина, јадењата од тестенини се преферираат на север. Подготвен со разредување како јаже на тестото, Ламиен е познат по неговата брза подготовка.

Тестенините со месо и вегетарјанските тестенини се сервираат на клиенти во длабоки чинии. Откако тестенините се варат пет минути во вода, се сервираат со варено месо, соја сос, ротквица, зелен кромид, коријандер и разни сосови.

Ламиенот е опишана како „кинеска брза храна“ поради неговата брза и практична подготовка. Една чинија на Ламиен е 20 јуени (2,50 eвра).

Во главниот град Пекинг, продавници за тестенини се наоѓаат на секој агол на улицата, додека халал тестенините често се служат во близина на џамиите во градот.

– ЛАМИЕН Е ЈАДЕЊЕ ЗА СИТЕ

Во земјата, ресторанот „Lancou Lamien“, што го носи името на главниот град на провинцијата Гансу, каде што Хуите (кинески муслимани) етничка група, живеат интензивно, зазема посебно место.

Ма Хајшуен, сопственик на ресторанот „Lamien” во Пекинг, изјави за АА дека работат од утринските часови до крајот на денот и дека работеле најмалку 12 часа дневно.

„Ние дури немаме викенд. Работиме напорно, но на крајот од денот се чувствуваме пријатно“ рече тој.

Ма изјави дека тоа е изборот на сите, бидејќи е традиционален вкус, истакнувајќи: „Имаме богати, сиромашни, муслимани, немуслимани луѓе меѓу нашите клиенти. Затоа имаме многу купуваши. Нашата дневна заработка е околу 2000 јуани (255 евра), а месечна 50 илјади јуани ( 6374 евра)“.

Од друга страна, мајсторот Ма Чинхај рече дека за тестенини треба долгорочно искуство, како и дека е потребено најмалку едногодишен тренинг за да се работи со тестенини.

Признавајќи дека појавата на тестенини е базирана на последните години од династијата Кинг, мајсторот Ма рече: „Историјата на тестенини е стара повеќе од два века. Тоа е брза храна во Кина со нејзината брза подготовка.”

– МИЛИОНИ ПАКУВАНИ ТЕСТЕНИНИ СЕ КОНСУМИРААТ СЕКОЈА ГОДИНА ВО КИНА

Тестенините се еден од традиционалните вкусови на кинеската кујна, но исто така се консумираат во периферните земји, како што се Јужна Кореја, Јапонија, Сингапур и Виетнам. Кина, една од водечките светски e-бизнис земји, “Fangbienmien” (готова тестенина) го зазеде своето место во интернет продавниците.

Во мали пакувања се продаваат во „Alibaba“, „taobao.com“, „jd.com“ и разни интернет продавници. Во минатата година, 37 милијарди долари од обемот на онлајн пазар на храна е поминат, а тестенините во земјата имаат важно место.

/A.A

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *