Почетна Вести Ислам КУЛТУРА: Комисија ќе одлучува за џамијата во Охрид, ќе се бара и мислиење од УНЕСКО
КУЛТУРА: Комисија ќе одлучува за џамијата во Охрид, ќе се бара и мислиење од УНЕСКО

КУЛТУРА: Комисија ќе одлучува за џамијата во Охрид, ќе се бара и мислиење од УНЕСКО

31
0

Министерството за култура нема ништо против обновувањето и заштитата на културното наследство, вклучувајќи ги тука и верските објекти, но сакаме тоа да се спроведува во законска процедура, почитувајќи ги сите прописи и постапки што се однесуваат на заштитување на објекти со историско значење. Ваков е ставот на Министесртвото за култура по прес-конференцијата на здружението „Совест“ во Охрид, кое предупреди дека со реконструкција на Али-пашината џамија се уништува културното наследство.

Од Министерството велат дека формирале комисија, која ги испитува околностите во однос на реконструкцијата.

„Работната група дојде до заклучок дека министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, нема основа да ги запре работите, но ги охрабруваме сите надлежни институции да постапуваат доколку имаат индиции за прекршување на законските процедури. Работната група препорача, а Министерството ќе достави барање до УНЕСКО за стручно мислење – дали е во склад со стандардите за заштита на градот да се реконструира објектот во такви димензии“, велат од Министерството за култура.

Додаваат дека слободата на вероисповед е загарантирана со Уставот, а дека заштитата на културното наследство, вклучувајќи ги историските верски објекти без оглед на религијата на која и припаѓаат, е врвен приоритет на Министерството.

Во декември, минатата година, Алаѓозовски изјави дека ќе биде стопирана реконструкцијата на пет века старата Али Пашина џамија во Охрид. Тој рече дека не би дозволиле таму да се гради, а самото градење да предизивка етнички тензии и тоа да биде надвор од законските процедури.

Граѓанското здружение „Совест“, денеска на прес-конференција реагираше за начинот на којшто се врши реставрацијата на Али-пашината џамија, и за градежните активности околу објектот, за коишто тие тврдат дека се спроведуваат без соодветна дозвола од надлежните институции. Тие побараа од Министерот за култура да ги сопре градежните активности кои би можеле да предизвикаат непоправлива штета врз културното наследство околу објектот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *