Крводарителска акција во Бигорски

Date:

Share post:

Бигорскиот манастир организиараше прва крводарителска акција, на која биле собрани над триесетина единици крв.

Крв даруваа членови од монашкото братство, жители од околните краишта, како и поклоници и посетители на манастирот.

-Со благодарност и љубов кон животодарителот Бог, известуваме дека денешната крводарителска акција во нашиот свештен манастир, под мотото „Подари капка живот“, беше успешно и благословено сведоштво на човекољубие и солидарност. Овој хуман чин, реализиран со благослов на нашиот сакан Старец, преосвештениот епископ Антаниски г. Партениј, и организиран во соработка со Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Гостивар, како и со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, привлече навистина голем број дарители. Во релативно краток временски период беа собрани над триесет драгоцени крвни единици – триесет крвни зрнца на надеж, триесет можности за спасување на човечки животи.На организаторите и на сите хумани луѓе што ја отворија својата рака и срце им благодариме од душа, велат од Бигорски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here