Почетна Вести Крвав Велигден во Пакистан, загинаа 65 луѓе
Крвав Велигден во Пакистан, загинаа 65 луѓе

Крвав Велигден во Пакистан, загинаа 65 луѓе

269
0

Најмалку 65 лица се убиени а повеќе од 280 се ранети, главно жени и деца, во неделата навечер во експлозија во близина на градскиот парк во Лахоре, големиот град во североисточната пакистанска покраина Пенџаб, каде христијаните го прославувале католички Велигден, а одговорноста ја презема радикалното исламистичко движење Талибан.

Фракцијата на пакистанските талабани, која се нарекува Џамаат-ул-Ахрар, ја презема одговорноста за нападот. Асанула Асан, кој се претставил како портпарол на групацијата, рекол дека „Му испративме порака на премиерот Наваз Шариф дека влеговме во Лахоре. Тој може да прави што сака, но нема да му успее да нé запре. Нашите бомбаши самоубијци ќе продолжат со ваквите напади. Целта беа христијаните“, пренесе агенцијата Reuters.

pakistan„Бројот на жртвите се зголеми на 65. Траат операциите за помош. Побаравме помош од војската“, рекол Мухамад Усман, висок функционер на градските власти и прецизирал дека меѓу жртвите најмногу се жени и деца, бидејќи нападот е изведен во близина на игралиште за деца на паркиралиштетот на излезот од паркот Ѓулшан ел-Икбал. Итканал и дека бројот на загинатите може да се зголеми, бидејќи многу од повредените се во критична состојба.

Полициски функционер изјавил дека на местото на нападот се распоредуваат војници и потврдил дека станува збор за самоубиствен бомбашки напад.

Во ноември 2014 година, исто така во талибански самоубиствен напад во Вагау, погранично место со Индија, беа убиени повеќе од 50 припадници на христијанската заедница. Последните години црквите се цел на напади во Лахоре, упориште на пакистанскиот премиер Наваз Шариф во покраината Пенџаб. Во Пакистан вооружените исламистички групи често ги напаѓаат претставниците на шиитската и на христијанската заедница која претставува околу 2 отсто од населението на оваа мнозинска муслиманска земја со речиси 200 милиони жители.

Многу често се случуваат, радикалните проповедници да поттикна бунтовни против наводни богохулства против христијаните, бидејќи навредата на исламот во Пакистан е злосторство кое се казнува и со смртна казна,. Според контроверзниот закон за клевета.

Во неделата полицијата употреби солзавец за да растури протест во Равалпинди на околу 25.000 приврзаниците на Мумтаз Кадри, исламист кои беше погубен овој февруари, бидејќи во 2011 година го уби гувернерот на Пенџаб, Салман Тасер.

Мумтаз Кадри го призна убиството и изјави дека сакал да му се одмазди на Салман Тасер, политичарот кој ја бранеше Асија Биби, христијанка осудена на смрт поради наводно богохулство.

Пакистанските медиуми не известуваа за протестите во Равалпинди, бидејќи медиумите се изложени на сé поголем цензура од владата која не сака да се известува за протестите кои ги организираат исламистите кои бараат паѓање на владата на Шараф.

Макфакс.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *