Почетна Вести Крит се подготвува за „Големиот собор“
Крит се подготвува за „Големиот собор“

Крит се подготвува за „Големиот собор“

344
0

Вселенската патријаршија ги почна подготовките за одржување на „Големиот Собор“ на Православната црква, закажан од 18 до 27 јуни 2016 година.

Синодот на Архиепископијата во Крит, која е под јурисдикција на Вселенската патријаршија ја одржал првата подготвителна седница, на 3 февруари 2016 година. Откако Вартоломеј ги известил со писмо, Архиереите на Крит на вонредно синодско заседание во Хераклион,  ги почнале подготовките за одржување на соборот во Академијата на Вселенската патријаршија на Крит.

Пред одржување на синодската седница, на 1 февруари Архиепископот Критски, Иринеј беше во посета на Вселенскиот патријарх, Вартоломеј.

Местото каде ќе се одржи „Големиот Собор “ на Правосланата црква во јуни 2016 година,
Местото каде ќе се одржи „Големиот Собор “ на Правосланата црква во јуни 2016 година,

Академијата на Крит честопати била место за средби на православните лидери. Претставува модерен конференциски центар кој се наоѓа на исклучително убава локација на само неколку метри од морето и до манастир  од 17 век.

Таа се наоѓа на 22 километри од градот Ханија и 39 километри од меѓународниот аеродром.

Ханија е најзападната префектурата на Крит, со градот Ханија како главен град.

Конференцискиот центар на Православната академија на Крит се наоѓа на околу 10 минути пеш од мало рибарско село.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *