Почетна Вести КРИТ: Неприфаќањето на соборските решенија води кон ереси
КРИТ: Неприфаќањето на соборските решенија води кон ереси

КРИТ: Неприфаќањето на соборските решенија води кон ереси

589
0

Поглаварите на десетте православни цркви кои учествува на Соборот на Крит во своите воведни излагања на отврената сесија на работнио дел на Соборот  ја потенцираа важноста од зачувување на единството на Црквата, особено во момент која на овој Собор во последен момент учество откажаа четири патријаршии, Руската, Бугарската, Грузијска и Антиохиската.

Во продолжение сегменти од говорите на поглаварите од првиот рабитен ден на Соборот:

Вселенскиот патријарх Вартоломеј:

222Ние сме една Црква, да не се однесуваме како федерација од Цркви. Неприфаќањето на соборните решенија е изолација и поминување во ереси.

Романскиот патријарх Даниил:

20Автокефалноста и дава слобода на секоја Црква, но соборноста е она што обезбедува единството и сведоштвото на Црквата во светот.

Атинскиот архиепископ Јероним:

25Повикани сме да бидеме учесници во Светиот и Голем Собор на Православната Црква, кој се подготвува во последните 60 години. Тој се свртува кон светот, кон човекот на третиот милениум не како повторување на музејско минато, туку како откровение. Повикани сме да го потврдиме она што го изразува духот на Едната и Апостолска Црква, но и да го проповедаме мисионерски нашето служење, како што го почитуваме своеобразието на секоја помесна Црква и црковната разлика, без да се изолираме. Светиот и Голем Собор ги жртвува личните интереси, за да успее во своето дело да го изрази нашето единство и затоа останува на страна секоја пречка која може да не однесе до едната соборноста со парламентарен карактер. Одговорноста за спроведување на овој Собор е на сите нас. Одговорност на оние кои дејствуваа негативно спрема Соборот, е да изреагираат и да учествуваат дури и во последен момент, потпишувајќи ги нашите конечни одлуки. Изразување на различни мислења и ставови е нешто нормално и прифатливо за соборноста.

Српски патријарх Иринеј:

2Православната Црква на Србија се радува за овој Собор, кој го изразува и развива единството на Православието. Очите како на Србите, така и на целиот свет се насочени кон Светиот Собор и тоа ја прави особено одговорна работата на собраните архиереи. Нашата желба и молитва беше во Крит да се соберат сите Цркви, но многу од нив имаа конкретни причини да отсуствуваат. Јас сепак верувам дека работите не се толку лоши и сонцето на правдата ќе засвети повторно.

Кипарски архиепископ Хризостом:

19Нашите меѓуправославни борби кои произлегуваат од етнофилетизмот, според мене се првата причина за да толку долго траеја подготовките за Соборот. Етнофилетизмот е оној кој не дозволи за разгледување на Соборот да се постави прашањето за автокефалноста и за диптисите и е причина и за не толку канонското решение кое беше дадено на проблемот за дијаспората.  Во наше време, кога националните бариери паѓаат едни по други, ние православните не само што се самоизолираме, туку и самите си правиме да бидеме за потсмев, претворајќи ја етничка припадност во одлучувачки елемент на нашата еклисиологија и црковна идентитет .

Албански архиепископ Анастасиј:

6Се надевам дека и отсутните денес Цркви ја следат нашата работа и се молат за успехот на нашата работа.

Архиепископот на Чешка и Словачка Ростислав:

18И покрај етничките разлики, православните христијани сме еден народ .

Полски митрополит Сава:

4Бог не повика денеска во Крит, за да го спроведеме Светиот Собор, со помош на Светиот Дух, затоа и Црквата на Полска е тука. Должни сме да работиме во духот на светоста, а не човечки, зашто во тоа е големината на Соборот на Православието, тоа покажува дека сме различна Црква. Усвојувањето на одлуките на Великиот Собор не треба да не доведува до разочарувања, напротив, Соборот треба да работи така што да биде во се за пример .

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *