Почетна Вера МПЦ-ОА Кристијан Ниневски беше најбрз во водите на Вардар

Кристијан Ниневски беше најбрз во водите на Вардар

98
0

По втор пат Кристијан Ниневски го извлече светиот крст од водите на Вардар. 26 годишниот скопјанец и лани пристигна прв до крстот од вкупно 140 учесници. Крстот беше извлечен за кратко време и настанот помина без инциденти. Досега Ниневски вкупно седум пати има учествувано во положувањето на крстот. За него минатата година била многу среќна бидејќи го добил својот прв син, за оваа година посака радост и бериќет за сите.

Манифестацијата Богојавление Водици почна со литургија во црвкавата Пресвета Богородица каде беа присутни голем број верници кои на овој ден полнат од осветената вода. Оттаму со литија свештениците пристигнаа на мостот Слобода. Поглаварот на МПЦ – ОА ги освети и водите на реката и со честитката Бог се јави Навистина се јави ги поздрави верниците.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска која присуствуваше на манифестацијата им го честиташе празникот Богојавление на сите христијани  посака среќа, радост и успеси.

И покрај ниските температури илјадници граѓани беа дојдени на кејот на Вардар  одблиску да ја следат традиционалната манифестација за Богојавление Водици. Овој празник масовно се чествува во сите православни земји. На овој ден Синот Божји бил крстен во реката Јордан, а оттогаш крштевањето се слави како духовно раѓање и почеток на човековото живеење на верата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *