281
0
Годинава крстот е во рацете дваесетипетгодишниот Кристијан Нинески од Скопје. Младиот учесник имаше и непријатно случување во водата на Вардар, најверојатно заради грч, но интервенираа екипите за спасување и среќното момче веднаш потоа даде изјава за медиумите.
Сто и четириесет лица беа пријавени за учество во традиционалното спуштање на крстот во реката Вардар, во центарот на Скопје
Спуштањето на крстот во водите на Вардар беше напладне од мостот кај хотелот „Холидеј Ин“ и го изврши поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан.